Најтежок период во животот за едно дете е губењето на својот родител. Сите ние тоа го доживуваме на најразлични начини.

Објавил: admin@magazin | 10 декември, 2018 22:05

Губењето родител е најболното нешто за едно дете

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Родителите влијаат на нашиот карактер, на начинот на кој се однесуваме,на кој живееме, а за оние кои изгубиле родител на млада возраст, смртта на нивниот родител остава печат и тага на целиот живот.

Истражувањата покажуваат дека губењето родител носи поголем ризик за емоционални и ментални проблеми, како депресија, анксиозност и многу негативни и болни чувства.Тоа е особено ако личноста нема силна поддршка од блиските во периодот на губење на својот родител.

Еден плус фактор е и блискоста со родителот, односно како животот на една личност се менува по смртта на еден или двајцата родители.
Секоја личност се соочува со нејзината болка и тага на поинаков начин. Некои луѓе ја искажуваат лесно својата болка, а некои го чуваат тоа длабоко во себе.

Психолозите истакнуваат дека зборувањето за болката и тагата исто така може да го поттикне процесот на опоравување. Најважно во тие моменти е секогаш да се биде помеѓу луѓе и никогаш да не се остане сам.

Ние често ќе помислиме дека една личност добро се носи со болката и тагата, сепак може да станува збор за потиснување на многу чувства, кои потоа се рефлектираат подоцна во животот. Процесот на лечење значи соочување со болката со нас, посветување на односите со другите членови на семејството и бавно прифаќање на вистината. 

Повеќето од луѓето по смртта на нивните родители или друга личност од семејството забораваат на самите себе и својот живот.

Некои луѓе не спијат доволно, земаат антидепресиви и не се хранат добро во секојдневниот живот. Најважно е да се биде трпелив и да се посветиме на себеси и оние кои ги сакаме бидејќи депресијата не доаѓа сама од себе,понекогаш или во голем случај таа е створена од луѓето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...