По само неколку недели од објавуввањето на првата книга на поранешниот премиер Никола Груевски беше објавено дека книгата е речиси најпродавана на Саемот на книгата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2019 22:20

Гужва на саемот поради книгата на Груевски – за само неколку дена распродаден цел тираж

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По само неколку недели од објавуввањето на првата книга на поранешниот премиер Никола Груевски беше објавено дека книгата е речиси најпродавана на Саемот на книгата.

Книгата со меки корици беше испечатена во 1000 примероци

Инаку при својот престој во Будимпешта, изгледа поранешниот премиер решил да заработува, па со книгата ,,Искуства за иднината” буквално направи бум и целиот тираж од 1000 испечатени книги од издавачката куќа Ѓурѓа, е распродаден. 

Инаку ова за Груевски e прва книга „Искуства за иднината“ која всушност е негов докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“.

Од издавачката куќа „Ѓурга“ за Инфомакс, велат дека за книгата на Груевски, како и за на Љубчо Георгиевски постои голем интерес кај читателите и добро се продаваат. 

Како што објави порталот Инфомакс,  целиот тираж од првото издание на книгата е веќе распродадена, а наскоро излегува второто издание но овој пат со тврда корица. 

„Мојата нова книга, излегува од печат преку издавачката куќа „Ѓурѓа“. Од утре, среда, 8-ми мај на саемот на книгата, а од петок и во тврдиот повез. Во септември и англиска верзија“.  Неизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во вре­ме на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе поло­вина го­дина имам статус на личност со доделен политички азил како поли­тичко про­гонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година.Издавањето беше планирано да се случи во јануари 2019 година, по довршување на одредени дополнувања во книгата поврзани со обезбедува­ње и внесување дополнителни податоци објавени по предавањето на
доктор­скиот труд за одбрана, а заради поголема актуелност на книгата, напиша Груевски на Фејсбук по нејзиното објавување.

Инаку Саемот на книгата се одржува во ВИП Арена „Борис Трајковски“ а ќе биде отворен за посетители до 14 мај. Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот, а учествуваат околу 70 издавачи.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести