„Освен што ја предизвика кризата на јавното здравство, вирусот ја зарази и светската економија“, напиша Гутереш во уводникот на португалскиот дневен весник „Публико“, пренесе Хина.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 март, 2020 10:20

Гутереш: ВИРУСОТ ЈА ЗАРАЗИ И СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА- Владите усогласено да дејствуваат против коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, се заложи светските влади усогласено да делуваат во спречувањето на рецесијата на светската економија заради ширењето на коронавирусот.

„Освен што ја предизвика кризата на јавното здравство, вирусот ја зарази и светската економија“, напиша Гутереш во уводникот на португалскиот дневен весник „Публико“, пренесе Хина.
 
Коронавирусите, кои се познати од 1960-те години, можат да предизвикаат како обична настинка, така и опасни заболувања на белодробните органи, како САРС или МЕРС. Овие заболувања се појавуваат подеднакво кај луѓето и кај животните.а.

Ширењето на вирусот го наруши синџирот за набавка и предизвика пад на вложувањата и потрошувачката, што доведе до „реална и се поголема опасност од рецесија во светот“, продолжи поранешниот португалски социјалистички премиер.

 
-Ниту една земја не може сама да се бори. Повеќе од било кога претходно владите мора да соработуваат и да ја засилуваат економијата, да ги зголемат јавните вложувања, да ја поттикнуваат трговијата и да ги подржат заедниците и поединиците кои се зафатени од болеста“, нагласи тој.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) неодамна предупреди на сериозноста од забавување на светска економија заради пандемијата од коронавирусот, што ќе зависи од нејзиното траење и реакциите на владите.

ММФ во април треба да ги објави своите ажурирани економски прогнози.

ММФ и во декември предвидуваше светски раст од 3,3, отсто, но тоа беше пред нарушувањата на светско ниво што беа поврзани со пандемијата од коорнавирусот, како што беа затворањето на трговските синџири, ограничувањата на движење, откажувањето на спортски и културни настани.

На почетокот на февруари директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, предупреди дека растот во 2020 година ќе биде помал од 2,9 отсто, колку што беше и во 2019 година, но не можеше да предивиди колку тој ќе изнесува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.