Како што истакна досега на директен ризик се изложени околу 120 милиони работни места во туризмот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 август, 2020 8:55

Гутереш: Туризмот во светот со загуба од 320 милијарди долари- 120 милиони работни места под ризик

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Откако годинава многуод здмјите кои беа главни туристички центри за време на летото решија да ги ограничат туристите, односно донесоа забрана за влез за туристи кои доаѓаат од земји со висок ризик на коронавирус на ризик се изложени околу 120 милиони работни места во туризмот на глобално ниво токму поради пандемијата со Ковид-19.

Ова го посочи денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, пренесе ДПА.

„Во првите пет месеци од оваа година, меѓународните туристички аранжмани се намалија за повеќе од половина и се изгубија околу 320 милијарди долари од извозот во туризмот“, се наведува во изјавата на Гутереш.

Како што истакна досега на директен ризик се изложени околу 120 милиони работни места во туризмот.

Гутереш посочи дека со општества во карантин, заземјени авиони и затворени граници во многу делови од светот, особено се загрозени земјите во развој, вклучуваји ги и оние во Африка.

„Падот на приходите доведе до зголемено ловокрадство и уништување на живеалиштата во заштитените подрачја и околу нив, а затворањето на многу места на светското наследство ги лиши заедниците од витален живот“, додаде генералниот секретар на ОН.

Тој, исто така, има негативен ефект врз жените, руралните заедници и домородните народи,  истакнувајќи ја важноста за обнова на секторот туризам, бидејќи вработува едно од секои 10 лица, додаде ДПА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.