Ердоган ја игуби поддршката кај неговите најблиски соработници

Објавил: Узунов Бобан | 18 септември, 2019 8:50

Давутоглу и тројца пратеници се одметнаа од владејачката АКП, Ердоган во слободен пад ?

Фото/Текст извор: ©dw.com.mk/магазин

Турскиот претседател е под притисок од сопствените редови – стари политички сопатници, како поранешниот премиер Давутоглу, ѝ вртат грб на АКП. Моќта на Ердоган се троши.

Ахмет Давутоглу долго време беше една од највлијателните фигури во турската политика. Од големиот подем на исламско-конзервативната АКП во јануари 2002 година тој постојано беше на страната на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган – како министер за надворешни работи и подоцна како премиер и шеф на АКП. Но во 2016 година тој на неговиот политички ментор му стана претврдоглав и премоќен. Ердоган го истурка од двете функции.

Понижување кое Давутоглу го прифати со почит: „Неговата семејна чест е моја семејна чест. Неговото семејство е мое семејство.“ Тој никогаш не се изјасни негативно за шефот на државата и „и во иднина од устата нема да излезе лош збор“, рече Давутоглу откако му беше даден отказ.

Ердоган го загуби ореолот на непобедливост

Но во 2019. односите се менуваат. Економската криза, засилената опозиција и изборниот пораз на локалните избори на крајот на март ги разнишаа темелите на моќта на турскиот претседател и на владеачката АКП. Настанатиот вакуум во моќта го препозна и Давутоглу, кој со месеци жестоко ја критикува АКП. Минатиот петок, заедно со тројца други пратеници на АКП, тој во Анкара го објави напуштањето на партијата. АКП, како што рече, премногу се оддалечила од своите основни принципи. Давутоглу најави и политички амбиции и рече дека има намера да создаде „ново политичко движење“.

Уште пред важните избпори во Истанбул во јуни годинава, кои кандидатот на Ердоган, Бинали Јилдирим, ги загуби, Давутоглу се пресмета со владеачката партија. Тој на Фејсбук објави манифест полн со критика на политиката на Ердоган. Партијата, според него, не е на исправен пат и се потпира премногу на поларизација, а премалку на владеење на правото.

Ќе одговараат“
Кај турскиот претседател е вклучен алармот. Тој стравува дека отцепено крило може да го чини многу гласови од конзервативниот табор. Соодветно на тоа и неговата реакција е жестока – тој повеќепати го нарече Давутолгу „предавник“. „Ќе ги повикаме на одговорност кога ќе дојде време за тоа“, грмеше Ердоган против Давутолгу, но и против другите „одметници“.
Зашто, случајот на Давутоглу не е изолиран, туку е повеќе симбол на ерозијата на моќта во базата на АКП. Во последните месеци стотици илјади членови ја напуштија партијата. Меѓу нив и луѓе со политичка тежина кои со месеци невообичаено остро го критикуваат раководството на АКП.

Луѓе со голем калибар му вртат грб на Ердоган

Еден од нив, на пример, е поранешниот министер за економија и коосновач на АКП, Али Бабаџан. Тој ја напушти партијата веќе во јули. И Бабаџан, според турските медиумски извештаи, сака да основа сопствена партија. И тој, како и Давутоглу, смета дека АКП премногу се оддалечила од своите почетни вредности.

Во основањето на партијата Бабаџан ќе добие поддршка од поранешниот претседател Абдула Ѓул, кој  ја напушти АКП уште во 2007 година. Ѓул минатата година се постави спротивно од правецот на Ердогановата политика. Сакаше дури и да се кандидира против Ердоган на претседателските избори во јуни 2018 година. Но, беше заплашен од Ердоган и неговата – тогаш неограничена – моќ. Шефот на турскиот генералштаб Хулуси Акар и портпаролот на Ердоган со хеликоптер слетаа директно во неговата градина и му приредија неочекувана посета. Ден подоцна Ѓул рече дека се откажува од кандидатурата, известуваше во тоа време весникот близок до владата Хабертурк.

Ерозија во партиската база на АКП

АКП веќе не е партија што „пали и гаси“

Тогаш Ердоган и владеачката АКП без во зенитот на моќта – на претседателските и парламентарните избори АКП постигна впечатливи резултати и беше натамошно зацврстен патот кон „режим на еден човек“. Но, сега раотите се сменети – турските граѓани имаат и либерални алтернативи за Ердогановото неограничено владеење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести