Какви промени се очекуваат во културните институции по доаѓање на новиот Министер за култура Асаф Адеми?

Објавил: admin@magazin | 3 јуни, 2018 0:35

Дали БЕСА ќе ги преземе националните установи?

Фото/Текст извор: ©

Новите министри од владиниот кабинет на парламентарното мнозинство ќе започнат со својата работа на 4 јуни 2018 година. Во исчекување на промените во Министерството за култура, деновиве меѓу културните институции се насетуваат и прогнозираат какви промени можат да се очекуваат во раководството во Министерството за култура и националните институции.

По заминувањето на специјалниот советник Петрит Сарачини кој важи за близок пријател на поранешниот министер Роберт Алаѓозовски,  извесно е дека разрешувања ќе следуваат и кај други советници назначени од Алаѓозовски, како и шефот на кабинетот Тодорче Тасевски, кој најверојатно ќе се врати на истата службеничка позиција како претходно.

Во последниот ден од својот ангажман како министер, Алаѓозовски разрешил шест раководители на сектори и назначил нови, што е обид за значајно позиционирање на своите најблиски соработници во пресрет на преземање на министерството од новиот министер Асаф Адеми, кој доаѓа од партијата БЕСА.

Промени се очекуваат во раководствата на најатрактивните национални установи како Македонска опера и балет и Македонска филхармонија. Вработените во Македонската филхармонија раскажуваат дека в.д. директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиевски, во изминатиот период бил многу љубезен во својата комуникација со вработените, претпоставувајќи дека наскоро повторно ќе се врати меѓу нив во оркестарот на позицијата тромбонист. Илиевски беше претседател на Синдикатот на културните работници на Република Македонија пред да биде назначен како в.д. директор од поранешниот министер Алаѓозовски. Промени се очекуваат и во управниот одбор на Македонската филхармонија на чие чело е Бранка Костиќ Марковиќ. Костиќ Марковиќ беше дел од „шарената револуција“, заедно со останатите членови на управниот одбор, а пред 2 години беше отпуштена од Телевизија Телма како технолошки вишок, наводно поради малата гледаност на нејзината музичко-информативна емисија „Музика“.

Меѓу вработените во Македонската опера и балет информациите дека на чело на оваа установа се очекува албанец од редот на вработените во балетот, член на комисијата за култура на БЕСА и близок познаник на новиот министер Асафи. Несогласувањата помеѓу членовите на актуелното раководство на МОБ влијае исклучително негативно врз функционирањето на установата. Неодамна, в.д директорот Ќазим Асотиќ дал „незадоволителна“ оцена за уметничкиот директор на балетот, г-ѓа Олга Панго, која на оваа позиција за прв пат дошла по предлог на Игор Дурловски. Вработените често пати се жалат на мобинг од страна на естрадниот пејач Игор Узунов, кој бил ангажиран во куќата од Асотиќ.

Се очекува и промена на уметничките селектори на програмата на фестивалот “Охридско лето“, но тие би биле избрани по завршување на фестивалот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...