Бујар Османи не може да се помири со фактот дека ниванта желба за Албанизирање на Македонија е спречена барем во моментов

Објавил: Македонка Димкин | 8 декември, 2019 13:11

Дали Бујар Османи најавува војна во Македонија како онаа во 2001?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Бујар Османи не може да се помири со фактот дека нивната желба за Албанизирање на Македонија е спречена барем во моментов: Секое отворање на Законот за јазици, со кој се затворија прашањата од Рамковниот договор, ќе не врати пред 2001 година, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, откако премиерот Зоран Заев најави дека ќе бидат инкорпорирани препораките на Венецијанската комсисија за ревидирање на употребата на албанскиот јазик во судството.

Каракамишева директна и без ракавици: Дали господинот Бујар Османи се исплаши од овие правни факти?
Дали господинот Бујар Османи мисли дека меѓународното и националното право се само играчка за во витрина?

» Османи е дециден и директно кажува дека секое надгласување на македонските судии на албанските во Уставниот суд за Законот за јазици, секој обид на Министерството за правда да направи измени без усогласеност на целата влада и без консензус во Собранието е поместување на македонско-алабанскиот баланс кој се воспоставува со Законот за јазици и ќе отвори зачаран круг и спирала што ќе не помести од патот по кој сме тргнале – рече Османи.

Тој посочи уште дека Венецијанската комисија има потешкотии за примена на двојазичноста во судството поради немање капацитети, (мисли дека тие не се на ниво на задачата)но, како што нагласува, можете да се употреби двојазичност во банкнотите.

» Понатаму Османи продолжува со желбите: не можете вие да отворите дебата за судството, а да не отворите дебата за банкнотите. Венецијанската комисија не вели да се отфрли двојазичноста во судството. Вели можеби во моментов нема капацитети, па Владата, односно државата да размисли дали можеби привремено да го одложи имплементирањето додека не се создадат капацитети или да создаде капацитети – рече Османи.


Она што е посбено важно посебно за помладите читатели е да се каже дека ДУИ на која припаѓа и г-н Османи веќе од 2001 година континуирано се занимаваат со „наводните права на Албанците„ и досега не оствариле никаков економски проект ниту пак покажале концепт за подобро утре а кој е од важност на сите граѓани во Република Македонија во кое живеат и тие како малцинство. Факт е дека ова го дозволуваат или игнорираат сите политички субјекти во Македонија иако сите знаат дека Албанските политичари не донеле баш никаков просперитет во државата туку напротив со своите радикални барања ја одалечуваат Македонија од европското тло.

Од друга страна сведоци сме на бруталноста на Албанските тинејџери каде се усмртени деца од Македонска националност, сведоци сме на безаконското градење на Џамијата во Охрис, сведоци сме на безаконското градење на објекти од советникот во Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.