ВМРО - ДПМНЕ мора да заземе јасен став по однос на уставните измени и истиот низ можни сценарија да го соопшти на членството но и Македонскиот народ, и тоа час поскоро

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 ноември, 2018 10:50

Дали ВМРО-ДПМНЕ се помири со „судбината„ дека Македонија ќе биде избришана?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Осум дена пред почетокот на Пленарната седница на која Собранието на Македонија ќе ги дебатира па гласа поединечно четирите уставни амандмани за самоукинување, се добива впечаток дека опозиционата ВМРО – ДПМНЕ, молчи?

Од извори од пратеничката група дознаваме дека едно знаат, нема да поддржат промени на уставот преку уставни амандмани за имплементирање на штетниот Преспански договор со кој се менува името на државата и се негираат Македонскиот народ, јазик, историја и култура. Но тоа е изјава која се повторува од Август.

На што се должи тишината од партиското раководство? 

Партискиот претседател, растеретен од предавниците во сопствените редови, сега мора да ја понесе одговорноста и решителноста со јасна порака и до членовите и до народот но и до претениците како ВМРО – ДПМНЕ ќе им застане на патот на уставните измени, со кои се укинува Македонија и се поништува Македонскиот народ во своето постоење.

Последната недела по промените во партиската организација и отписот на осум пратеници, бришењето од партиската евиденција на партиското трио Мијалков, Јанчев и Тодоров до оставките на претседателите на УЖ и УМС во ВМРО – ДПМНЕ молк што со уставните измени.

Помина тивко и нелегитимната „одлука на Талат Џафери„ кој јавно прокламираше цензура и не дозволи пренос на Собранискиот канал од седниците на комисијата за уставни прашања од каде добар дел од граѓаните не знаат што точно се нудело а што се бранело. Зошто? Зошто оваа цензура помина како да не се случило?

Во основа ВМРО – ДПМНЕ имаше мал милион правни механизми, да се обезбеди пренос до јавноста .

Од седиштето наизменично ги слушаме партиските портпароли кои говорат на теми како, нови задолжувања, поспакување на паркинзите, манипулации со корисниците на социјална помош, загадениот воздух, поморот на риби во Охридското езеро.

Заев и СДСМ како никогаш во последните три години се на политичкото дно. Ја губат довербата од западните спонзори но и поддршката од пребеганите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ. Шекеринска сака нов премиер и претседател а Ахмети си ги бара албанските гласови назад со консензуален претседател. Со таква консталација уставните измени во третото последно гласање може лесно да пропаднат.

Но тоа се актуелни дневно политички теми, кои секако треба и мора да се актуализираат.

Претседателот Христијан Мицкоски имаше неколку обраќања, кои поминаа традиционално на социјалните мрежи. Осуда за бегството на поранешниот премиер, најава дека партијата е подготвена за избори и дека имаат кандидат за претседател на државата,и тоа е правилно.

Но досега, никој не дал одговор на прашањето како ВМРО – ДПМНЕ ќе делува во Собранието кога ќе почне собраниската расправа и финално гласање од втората фаза на уставните амандмани, и пред се како се замислува„жестоката расправа„?

Пребегот на поранешниот премиер, Никола Груевски, апсењето на Јордан Камчев и последното приведување на Сашо Мијалков како и притворите за Јанакиески и Божиновски се партиски теми.

Иако Мијалков не е веќе член на ВМРО – ДПМНЕ.

Јавноста сака да знае како државотворната партија, која победи и на изборите пред две години планира да го стопира процесот за промена на името?

Пратеничката група на т.н. независни пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата кои ги поддржаа уставните измени во мигот кога Мијалков беше апсен беше на т.н. работен ручек со него со цел координација кој за што треба да се испазари со Заев и СДСМ. 

Одметнатите пратеници по апсењето на Мијалков се оставени самите на себе. На Канческа Милевска е да ги спроведе Законот за општа амнестија, со кој на слобода ќе излезат и терористите од Диво Насеље но и убијците до Смилковско езеро. Спасот преку амнестија за сите не е решение но ВМРО – ДПМНЕ мора да понесе одговорност, решителност и конечно да го изведе народот и на улица, сведочејќи дека последниот протест беше оганизиран од одметнати членови на СДСМ и во основа левичари како Грчева и Палевски. 

Магазин ексклузивно ја објави веста, но тоа не го амнестира ВМРО – ДПМНЕ од молкот. Воедно и законот за амнестија доби негативна оценка, додека најавениот од пребеганите пратеници очигледно ќе помине, но како Закон за амнестија и за Диво Насеље но и петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Догмата која ги пратеше Мијалков и Груевски беше дека премолчено ќе дозволат Заев и Ахмети да ги извршат уставните измени, за на пролет да се прокламираат како патриоти кои ќе ги обвинат предавниците, но тој воз одамна помина.

Претседателот Мицкоски веќе не би смеело да игра на картата општи оценки и проценки но ни на картата одлуката е на народот. Ако ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, тогаш истиот тој, народот има паво да очекува лидерство!

Во законодавниот дом, народот е застапен од 120 пратеници, прашање на кое треба да се знае одговорот е каков е ставот на пратеничката група како се очекува ставот на партијата и кои се механизми (правни или не) ги имаат во предвид.

Според поранешниот министер за надворешни работи на Македонија, актуелен пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, сосема е јасна политичката позадина на низата неиздржани фиктивни обвиненија врз пратениците, се со една цел, гласање на уставните измени, но предвидува дека Македонија ја очекуваат нови избори.

Го нема ниту Антонио Милошоски кој беше еден од најгласните критичари и подржувач на Македонија Бојкотира, со неговите жестоки реторики. Поранешниот министер за надворешни работи, пред да се гласаат уставните измени во Собранието ја превзеде улогата на лидер од пратениците, кој тогаш на прес конефернција од Собранието го прозва Талал Џафери дека немаат двотретинско мнозинство, но она сега што сите ги загрижува молчи и Милошоски. 

А молчи и Илија Димовски, пратеникот кој жестоко се противеше на изборот на Христијан Мицкоски за Претседател на ВМРО -ДПМНЕ. Дали ќе има наскоро епилог оваа ситуација, во која се има впечаток дека Македонскиот народ е оставен сам на себеси?

Канческа Милевска веќе губи пратеници за поддршка на уставните измени, албанските опозициони партии како Беса и Алијанса за Албанците не се задоволни па може да повлечат четири или пет пратенички гласови назад

Одговорноста веќе паѓа на терет на партијата. Партијата има кадров капацитет да говори за дневно политички и актуелни теми но примарни се уставните измени а како народна партија треба да повика на сите опции, од правни механизми, протести, демонстрации па и граѓански немири.

Во спротивно јавноста нема да им суди на Заев и Ахмети што се обиделе туку на ВМРО-ДПМНЕ  што не спречило.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести