Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика на медиумите во Македонија, усогласија минимум критериуми

Објавил: Македонка Димкин | 11 октомври, 2018 22:33

Дали е на повидок поготовка на нов закон за онлајн медиумите?

Магаѕин
Фото/Текст извор: ©телма/магазин.мк

Телевизија Телма соопштува дека трите најголеми новинарски организации усогласија критериуми за онлајн медиумите во Македонија

Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика на медиумите во Македонија, усогласија минимум критериуми што ќе помогнат во заштита и промоција на професионалното новинарство во онлајн медиумите.

ЗНМ, ССНМ и СЕММ сметаат дека онлајн медиумите треба да ги почитуваат начелата и принципите на новинарската професија, како што се:

  • транспарентна сопственост,
  • објавување на импресум, контакт и адреса на медиумот,
  • прифаќање и почитување на Кодексот на новинарите и
  • регистрација на правен субјект во Македонија.

Дали Македонската влада ќе има слух на барањето на овие организации ќе покаже времето, во секој случај во Македонија и те како е потребно да се воведе ред во јавното информирање на граѓаните.

Дел од ЕТИЧКИОТ КОДЕКСОТ на МАГАЗИН.МК

Со почитувањето на одредбите од овој Кодекс се обезбедува зголемена одговорност во работењето, подобрување на квалитетот во давањето услуги и примена на највисоки стандарди и работна етика.

Во согласност со одредбата од претходниот став, сите учесници во уредувањето на порталот магазин.мк се обврзуваат да ги почитуваат темелните начела на професионалното и одговорно работно однесување и работа во која, главно, се вбројуваат: 

  • Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист.
  • Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија.
  • Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето.
  • Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата
  • Професионалност, стручност, доверба и објективност во работењето
  • Политичка непристрасност и неутралност.
  • Новинарот ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.
  • Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
  • Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
  • Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
  • Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
  • Новинарот е должен да го  назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот мора да  го заштити.
  • Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.
  • Новинарот е должен да го чува угледот и достоинството на својата професија,
  • Да ја поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
  • Новинарот има право да одбие работна задача доколку е во спротивност со принципите на овој Кодекс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Правник

Во 2008 та година судот му одреди 20 години затвор за грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи во ноември истата година на паркингот пред ПМФ. Во нападот загина еден припадник на Алфите, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Судот ја укина доживотната казна на Алмир Дрпљанин за нападот на Алфите кај ПМФ

Денеска судот ја укина доживотната затворска казна за еден од најозлогласените криминалци...

Во вчерашната емисија „Што не е јасно?“ на „Алфа“, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села потври дека премиерот Зоран Заев пред извесно време му понудил да го замени Али Ахмети и ДУИ и неговата партија да стане дел од власта.

СЕЛА ОТКРИВА – Заев ми понуди да го заменам Али Ахмети- но јас ОДБИВ

Села откри дека премиерот Зоран Заев му понудил да го замени ДУИ, но тој не прифатил. Во...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес соопшти дека е поднесено обвинение за три слица во овој случај.

Најмалку 3 години затвор за делото за кое е обвинета Јанева

Казна затвор од најмалку три години пропишува кривичниот закон за делото за кое е обвинета...