Дали со ваквата наклонетост кон владеачката партија се само пазарења за нивни личен опстанок, времето ќе покаже!

Објавил: Македонка Димкин | 27 јуни, 2019 0:41

Дали е ова судијата егзукатор на своите колеги кој се бори за втор мандат?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Од анонимен извори на Судскиот совет екслузивно дознаваме кој е судијата егзекутор на своите колеги судии?!

Имено таа е избрана  во Судскиот совет во 2013-та година по предлог на Собранието на Република Макеодонија кога со него раководи Трајко Вељановски а доаѓа директно од Вишиот управен суд.  Судијата Лидија Каначковиќ тогаш  експресно е предложена од тефтерот на Сашо Мијалков, и е блиска колешка и пријателка на сопругата на неговиот баџанак, а се шушка дека лобистите за неа, во тоа време оделе до таму дека по велешка линија за неа лобирал и ја поддржал афирмиранаиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ И.Д.

На член на Советот му престанува мандатот:
со истекот на времето за кое е избран; по негово барање;
со исполнување на условите за старосна пензија согласно со законот;
ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеца или друго кривично дело кое го прави недостоен да ја врши функцијата член на Судскиот совет;
ако на член на Советот му се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата и ако е избран на друга јавна функција или професија.

Интересно е што судијита Каначковиќ лично покренува постапка за разрешување на судиите Тања Михајлова, Јово Вангеловски и Софија Лаличиќ, додека пак во време на разрешување на  поранешниот претседател на Кривичен Владимир Панчевски, токму таа била член на Комисијата заедно со Александра Зафировска и Влатко Самарџиски која Судскиот совет ја формирал пред 2 години за проверки на АКМИС системот во Кривичен по добиениот извештај од Министерството за правда. Она што е симптомично е дека токму Судијата Каначковиќ   пред повеќе од една година веќе има изготвено  Извештај, во кој пак било констатирано дека нема неправилности.

По заминувањето од функциите на Александра Зафировска и Влатко Самарџиски, Каначковиќ прави нов маневар со тоа што се повлекува од Извештајот со своја службена белешка и лично самата иницира нова постапка пред Советот која перфидно се обновува како анонимна претставка.

Се чини дека целиот заговор е поврзан во конспиративни преговори со власта, судии и службеници кои во моментов во судски постапки постапуваат против поранешни први функционери на претходната власт и лично му судат на Мијалков во Кривичниот суд но и оние кои од таму беа скоро избрани во Судскиот совет.

Дали со ваквата наклонетост кон владеачката партија овие судии сакаат да испорачаат за власта привидни реформи во правосудството или ова се само пазарења за нивни личен опстанок, времето ќе покаже!

*Магазин се оградува од содржината и од веродостојноста на текстот од анонимниот извор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести