петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Јавноста беше изненадена од тоа што воопшто не беше пуштена македонската химна

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 април, 2019 18:16

Дали Заев денеска најави промена на химната?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се уште нема одговор од премиерот Заев и Владата за тоа која е причината поради која не беше интонирана македонската химна, на пречекот на грчкиот премиер Ципрас.

Јавноста беше изненадена од тоа што воопшто не беше пуштена македонската химна, ниту пак имаше воени почести кои се вообичаени за странските дипломати. Од сите почести само црвениот ќилимот беше поставен.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас беше пречекан од страна на владините министри и премиерот Зоран Заев.

Јавноста прашува дали можеби Заев, со овој потег не ја најави промената на химната, за која многумина велат дека проблемот е во стиховите Денес над Македонија се раѓа… или пак само не сакаше на Ципрас да му порача со стиховите на химната дека „Македонците се борат за своите правдини“?

Откако Академијата за протокол излезе со свој став:

“Протоколарно не можам да ја дефинирам посетава на Ципрас освен како “историска” ко што велат медиумите. Работна ли е, или е официјална штом е дојден со сопругата? Каде се почестите, освен ќилимот и знамињата на ќошевите? Што е со химните, шпалирот, поздравот на знамето…? Зошто толкава делегација за дочек, кој со ташни кој со актовки, кој со и кој без кравата и распетлани сакоа? Која е причината за ваков “скратен” дочек на странски премиер?”, се надоврза и новинарот Бранко Героски со свој коментар во Плусинфо.

-Изненаден сум од неочекуваното спуштање на нивото на средбата од протоколарен аспект. Имено, неофицијално беше најавено дека драгиот гостин од Атина ќе биде пречекан со сите државни почести, со построена гарда и со интонирање на химните на двете држави. Наместо тоа, Ципрас пред Владата беше пречекан од мала група костумосани домаќини и на црвен тепих. И толку, пишува Героски.

Како што пишува познатиот новинар ова е прескромно за еден настан од вакво значење.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.