Лубеницата е извор на важен антиоксидант: ликопенот, кој се наоѓа и во доматите, кајсиите и грејпфрутот, го одржува здравјето на нашето срце и има голем удел во борбата против ракот

Објавил: Македонка Димкин | 18 јули, 2018 22:45

Дали знаете дека Лубеницата делува слично како вијагра?

Фото/Текст извор: ©Магазин

Лубеницата е омилено овошје налето. Нејзината црвена боја и освежителениот вкус ја прават да биде симбол на летното овошје. Но она што можеби не сме свесни е дека ова овошје одлично дејствува на нашето здравје. Изобилува со нутритивни материи, содржи малку масти и го хидрира нашето тело.

Витамин А
Овој витамин е важен за заштита на здравјето на очите, а неговото антиоксидативно својство помага во намалување на слободните радикали во телото.

Витамин Ц
Сите знаеме дека е потребен за зајакнување на имунитетот, но витаминот Ц го забрзува зараснување на раните, го спречува оштетувањето на клетките, го подобрува здравјето на забите и на непцата.

Витамин Б6
Витаминот Б6 е потребен за синтеза на серотонинот и норепинефринот (норадреналинот), кои се заслужни за вашето добро расположение.

Ликопен
додека голем број луѓе мислат дека доматот е најдобар извор на ликопен, лубеницата го содржи во најголема концентрација, во однос на кое било овошје и зеленчук. Ликопенот го намалува ризикот од настанување на кардиоваскуларни заболувања и макуларна дегенерација.

Калиум
Доколку не ги сакате бананите, калиум можете да побарате во лубеницата. Помага во закрепнување на мускулите, подобро функционирање на мозокот и ги враќа електролитите во рамнотежа. Исто така помага во намалувањето на нивото на крвниот притисок.

Аминокиселини
Лубеницата содржи аминокиселини, аргинин и цитрулин. Тие се потребни за одржување на здравјето и целокупниот кардиоваскуларен систем и ја подобруваат циркулацијата.

Вода
Лубеницата ја сочинува 92% вода, што значи дека е одличен извор за хидратација и освежување во текот на жешките летни денови.


Зошто да јадете лубеница?

Еве уште неколку причини зошто да јадете повеќе лубеница ова лето…
l Лубеницата е извор на важен антиоксидант: ликопенот, кој се наоѓа и во доматите, кајсиите и грејпфрутот, го одржува здравјето на нашето срце и има голем удел во борбата против ракот, односно ја спречува појавата на ракот на дојката или простатата.

Лубеницата потекнува од Африка. Постојат околу 300 видови лубеница, а околу видови 50 се консумираат.

– Лубеницата дејствува исто како вијагра: цитрулинот што го содржи лубеницата ги опушта крвните жили на ист начин како и вијаграта, а дури и ако не успее тоа, одлична е за артериите.

– Лубеницата содржи многу витамини што се добри за нашиот имунитет, здравјето на очите и нашиот мозок.

– Лубеницата е одличен извор на калиум, кој помага кај функцијата на мускулите и нервите, а заедно со тоа го намалува ризикот од висок крвен притисок.

– Дехидрација: лубеницата содржи дури 92 проценти вода, што е одличен извор на течност во летните, топли денови.

Како да одберете слатка лубеница?

Звукот кој го произведува зрелата лубеница е длабок, додека пак презреаните лубеници имаат звук како кога удирате во шуплив предмет.

Свежината на лубеницата можете да ја откриете според стеблото. Ако лубеницата е зрела и сочна, од местото каде што има рачка ќе потече мала количина на леплив сок.

Зрелата лубеница има темно зелена боја и е доволно тешка за својата големина, додека незрелата лубеница е многу полесна отколку што изгледа.

При купување погледнете ја и страната на која лубеницата лежела на земја.

Лубеницата на тоа место би требало да биде со кремасто жолта боја, помеѓу бојата на банана и лимон. Доколку тој дел е со бела боја или светло зелена, тоа е знак дека не е доволно зрела.


Лубеницата е 92% составена од вода. Затоа е одлична за хидратација во врелите летни денови, а освен течност внесувате и дополнителни витамини и минерали.

10 Факти за лубеница

  1. Потекнува од Африка и тоа поточно од Египет. Пронајдени се семки од лубеница и хиероглифи во гробници што датираат од 2 век п.н.е. Оттука нејзиното одгледување најпрво се проширило низ Европа, а потоа со пренесувањето на робовите и во Америка.
  2. Лубеницата е всушност бобинка (една од најголемите), како и боровинката. Така е дефинирана заради нејзината цврста лушпа, која обиколува мека и хранлива срцевина. Исто така ботанички припаѓа во групата на зеленчук.
  3. Постојат околу 300 видови лубеница, а околу видови 50 се консумираат.
  4. Лубеницата може да се зготви. Во некои познати ресторани во светот на менито ќе најдете лубеница на скара, комбинирана со месо, со сирење и други различни специјалитети. Краткото изложување на температура, вусшност ги нагласува вкусот и мирисот.
  5. Најголемата измерена лубеница во светот тежи 159 килограми.
  6. Зрелоста на лубеницата може да ја процените од око; „со чврга”несозреаните лубеници даваат метално ѕвонлив звук, додека зрелата лубеница звучи задушено или празно; и по бојата на лежиштето кое треба да биде жолто-кремаво.
  7. Лубеницата е 92% составена од вода. Затоа е одлична за хидратација во врелите летни денови, а освен течност внесувате и дополнителни витамини и минерали.
  8. Не сите лубеници имаат црвена бојата. Постојат и жолти варијанти кои се помалку популарни, но сепак слатки како и црвените, а исто така постојат и светло зелени лубеници.
  9. Зборчето бостан како поим за лубеница и диња кој се употребува во нашиот јазик е турцизам. Придавката „бостански” пак, која е впрочем и во насловот истотака си постои во речникот на македонскиот јазик, а една од често користените поговорки со зборчето „бостан” е познатата „Го обра бостанот” која се однесува на некој што западнал во голема неволја.
  10. Лубеницата без семки не е резултат на генетска модификација (ГМО) туку е добиена со вкрстување на две различни сорти, така што на крај се добива плод кој не може да се размножува. Слично како мулето во животинскиот свет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...