Докторите измислија нај нов начин да се провери дали имате ваква состојба и тоа со помош на фотографија од вашиот смартфон.

Објавил: admin@magazin | 15 декември, 2018 18:22

Дали имате анемија ? Со помош на оваа апликација ќе ja дознаете вистината

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Тестовите за анемија, состојба кога постојано сте уморни и слаби затоа што немате доволно кислород во крвта, вообичаено значат одење во лабораторија и боцкање со игли. Но, сега докторите измислија нов начин да се провери дали имате ваква состојба. 

Овој тест може да биде многу корисен во тие делови од светот каде што нема медицинска помош или болниците се оддалечени повеќе километри. А додека па во некои делови од светот како Африка и Азија и други земји има толку многу слаба инфраструктура, но за разлика од тоа има добра покриеност со мобилни мрежи и интернет.

Анемија, или слабокрвност, е нарушување на крвта кое се јавува како последица на поголемо губење на крв, намалено производство или прекумерно уништување на црвените крвни клетки (еритроцити). Името „анемија“ започнало да се употребува во 19 век, а потекнува од грчките зборови „ан“ (негација) и „хаима“, што во превод би значело „без крв“.Анемијата може да се појави како акутна или како хронична. Поблагиот облик на анемија предизвикува само мали непријатности, како: замор, слабост, тромост и главоболка, а за лекување на оваа анемија е доволно само да се промени начинот на исхрана. Но, хроничната анемија може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Докторите користат посебен алгоритам за да ги анализираат фотографиите од ноктите. Навистина функционира од повеќе причини. Пред неколку години ова не би било успешно бидејќи камерите не на телефоните  не беа толку добри, а сега има и повеќе податоци на телефоните. Алгоритамот прави фотографија заедно со метаподатоци како бои и осветлување, а потоа ја анализира врз основа на тоа што го научил од други слични фотографии за да го процени нивото на црвени крвни клетки. Со тек на време, како што алгоритамот учи, ќе се подобрува.

Уште не е толку прецизен како огринален тест на крвта и се уште не може да замени докторска дијагноза но може да потврди дали некој е сериозно и малку анемичен. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...