„Таканаречената операција на хуманитарна помош е евтина претстава, лоша претстава“, рече Мадуро во интервју за весникот Ла Хорнада во четвртокот.

Објавил: Македонка Димкин | 23 февруари, 2019 16:07

Дали Мадуро е последната жртва на глобалниот систем или сепак диктатор?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Советот за безбедност на Обединетите нации се одржа кон крајот на јануари 2019 за да расправа за кризата во Венецуела, откако Соединетите Американски Држави побараа одржување вонредна седница на телото на ОН во Њујорк.

Мадуро ги прекина дипломатските врски со Вашингтон и побара американските дипломати  да ја напуштат Венецуела.

Соединетите Држави, Европската Унија и повеќе од половина јужноамериканси земји, како и Албанија ја поддржаа венецуелската опозиција. Другите земји, вклучувајќи ги Русија, Иран, Турција, Куба, Боливија, Никарагва, го поддржаа Мадуро.

Мадуро во мај го освои својот втор претседателски мандат, на избори кои според генералната оценка беа недемократски, па на 10 јануари ја продолжи претседателската функција и покрај барањата да се повлече.
Војската засега стои зад Мадуро, иако некои помали обиди за бунт во војската покажуваат дека и таа е одвнатре поделена.
Гуаидо, опозициски лидер и претседател на парламентот, ја опиша состојбата во Венецуела како „ситуација во која е неопходна хуманитарна помош“ и побара од војската да овозможи влегување на хуманитарната помош од ОН која тој ја побара.
И покрај тоа што ги има најголемите нафтени резерви во светот, Венецуела веќе со години е во економска и политичка криза.
Стапката на инфлацијата во Венецуела е највисока во светот, а над 3 милиони луѓе ја напуштија земјата поради недостигот од храна и лекови и политичките немири.

Одговорот на регионалните држави од Групата од Лима, која ќе се сретне во понеделник, ќе зависи од тоа дали венецуелската војска ќе ја отфрли наредбата на Мадуро да ги блокира конвоите со хуманитарна помош планирани за викендот, соопшти анонимниот извор.

Венецуела и САД сѐ уште расправаат за статусот на американските дипломати во Каракас пред истекот на рокот кој Мадуро го постави за нивно заминување следната недела, соопшти вчера венецуелскиот министер за надворешни работи.

На прес конференција во Обединетите нации, шефот на венецуелската дипломатија Хорхе Ареаза изјави дека венецуелски претставници ќе се сретнат со специјалниот американски претставник за Венецуела Елиот Абрамс за да разговараат за тоа прашање.

Џон Болтон, советникот за национална безбедност на Белата куќа, ги откажал плановите за патување во Јужна Кореја пред самитот во Ханој следната недела, чија цел е решавање на нуклеарната програма на Северна Кореја, изјави портпаролот на Болтон Гарет Маркис.

Болтон решил да остане во Вашингтон за да се фокусира на настаните во Венецуела, каде војската е пред клучна одлука за тоа дали ќе дозволи влез на конвоите со хуманитарна помош, кажа Маркис.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро вчера нареди затворање на венецуелската граница со Бразил, два дена воочи најавеното пристигнување на хуманитарна помош во земјата. Поради економската криза во земјата, милиони луѓе едвај преживуваат, а таквата ситуација предизвика невидена миграциска криза во регионот. Сепак, Мадуро не попушта околу пристигнувањето на помошта, и мостот кој ги поврзува Колумбија и Венецуела останува блокиран. „Таканаречената операција на хуманитарна помош е претстава, евтина претстава, лоша претстава“, рече Мадуро во интервју за мексиканскиот весник Ла Хорнада во четвртокот. Мадуро кој е поддржан од неговите сојузници од Русија, Кина и Турција, одбива каква било помош, тврдејќи дека таа е вовед во американската воена интервенција.

Но кој ја зборува вистината, на социјланите мрежи се појави видео каде што Мадуро зборува дека САД и западот сакаат да ја окупираат Венецуела бидејќи има наоѓалишт ана нафта а пронајдени се ио огромни резерви на злато. Знаејќи со каква машинеријиа се служи САД повеќе е од сигурно дека Мадуро треба да се сослуша и да се земат сериозно неговите изјави, дали навистина во Венецуела немаат што да јадат или тоа е повторно валканата игра на Американците кои во неколку наврати ни покажаа и докажаа на што се се спремни. Всушност и ние во Македонија го искусвме лицемериоето на таканаречената западна демократија, вистинате е дека тие се заинтересирани за себе, за нивната економија и ништо друго. 

Бразил го отфрли постоењето на било каков ризик да дојде до конфликт на границата со Венецуела, после објавата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека ја затвора таа граница.

„Бразилската влада засега не идентификуваше можноста за конфликт бидејќи се работи за хуманитарна помош“, рече синоќа во Бразилија портпаролот на претседателството Отавио Рего Барос.

Тој додаде дека Бразил има намера да обезбеди логистичка помош за да ја испорача оваа помош за Венецуела во сабота.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...