Јанакиески првото вработување го имаше во ЈП Водовод па помина 10 години како министер на "магарето" за чиј адекватен "самар" се прокламира денес, иако не секогаш беше така

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 12:47

Дали МВР (ОТА) го прислушкува Иванов?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Интересни детали околу тоа во кој момент обвинителството, дотолку повеќе и зошто решило да побара и инстант добие мерка 30 дневен притвор за поранешниот министер Јанакиески, открива опасна можност.

Имено како информираат извори од обвинителството, поранешниот министер Миле Јанакиески, кој беше притворен поради опасност од бегство, мерката ја добил поради службена белешка од надлежните служби во МВР во која стоело дека имал наводно намера да бега.

Чинот уследил откако претседателот Ѓорге Иванов не го примил на состанок.

Според неофицијалните информации, на судењето за „ТНТ“, Јанакиески, кој е обвинет во 5 случаи на СЈО, по бегството на Груевски преку посредник побарал средба кај Иванов за евентуална повторна амнестија.

Иванов, неофицијално, му пратил порака преку посредникот дека нема теорија да го прими, а уште помалку за таква тема на разговор. По ова, според истражувањата во МВР, Јанакиески наводно рекол: „Ако е така, тогаш и јас ќе бегам како Никола“.

Со полициски спровод следното утро Јанакиески беше спроведен од Шутка во Основниот суд Скопје 1, на судењето за одмаздничкото уривање на големиот објект Космос на Фијат Цаноски.

Прашан од судијата Огнен Ставрев дали е во притвор сега, Јанакиески му одговори: „За жал да. Старите велат, не можете по магарето, удрете по самарот“.

Прашање до МВР е како имаат мерки за следење на Јанакиески кога има помала кривична одговорност од Груевски? Како ги обезбедиле евентуалните сомнежи за неофициналното посредување за нереализирана средба со Иванов?

И дали ОТА т.е. УБК работи со полна пареа па на грешка го опфатила и Иванов во своето делување?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести