Притворот на Мијалков на 8 март му го одреди Кривичниот суд, а по барање на СЈО

Објавил: admin@magazin | 26 март, 2019 9:08

Дали Мијалков ќе остане во притвор – Апелација ќе одлучува за жалбата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На јавна седница во Апелацискиот суд денеска ќе се разгледува жалбата на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, со која бара да му биде укинат притворот кој му беше одреден по изрекувањето на пресудата за случајот „Титаник 2“.

Притворот на Мијалков на 8 март му го одреди Кривичниот суд а по барање на СЈО. Тој истиот ден беше осуден на казна затвор од 3 години, на која има право исто така да се жали на Апелација. За истиот случај казна затвор од 3 години и два месеца доби и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, беше осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци.

Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, добија казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание.

За Мијалков има жалба до Врховниот суд за укинување на мерката куќен притвор за предметот „Империја“ по начелното правно мислење на највисокиот суд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести