На уметничкото Венециско биенале Македонија досега секогаш била претставувана од министрите за култура

Објавил: Данаил Михајловски | 12 мај, 2019 22:36

Дали Никола Димитров стана парт-тајм министер за култура или се работи за културна екскурзија?

Фото/Текст извор: ©магазин

Оваа година на 58то ликовно биенале во Венеција најголемото изненадување за Македонија не беше делото на уметничката Нада Прља “Субверзија во црвено“, туку тоа што за прв пат отварањето на македонскиот павиљон во Венеција го направи еден министер надворешни работи. Имено, министерот Димитров, кој два-три дена престојувал во Венеција на државен трошок, не го ни отворил , туку само имал пригоден поздравен говор во македонскиот павиљон. Досега, без исклучок, учеството на ваквите биеналиња било дел од ресорските активности на министрите за култура, а при нивна зафатеност оделе заменици министри за култура или директори на културни установи. Дали ова значи дека Димитров ќе се префрла во ресорот култура или само го искористил настанот за лична релаксација и уметничко просветлување?

Оваа година главниот носител на уметничкото претставување на Македонија на Биеналето беше Мира Гаќина, директор на Музејот на современата уметност, заедно со Јованка Попова куратор на изложбата, а поздравен говор имал и Роберт Алаѓозоски, како национален координатор за култура. Затоа се поставува прашањето дали било неопходно или било “наградно“ патувањето на министерот за надворешни Димитров до Венеција?

Министерството за надворешни работи на својата веб страна на 8ми Мај кусо информираше дека министерот Никола Димитров на биеналето изјавил: „посебно сум горд што Република Северна Македонија е меѓу 90те национални учесници на овој светски уметнички настан од највисок ранг. Низ годините, уметниците се покажаа како едни од нашите најдобри Амбасадори“.

Се поставува прашањето дали министерот Димитров рационално ги троши парите на даночните обврзници со патувања на културни настани, и дали рационално го троши своето време како функционер кој е задолжен да учествува на дипломатски и политички настани, особено сега во пресрет на очекувањето на спорната одлука за добивање на датум за преговори со ЕУ?! Ќе беше многу поразбирливо да го видевме Димитров на работна средба со неговиот шпански или дански колега како лобира за датумот за ЕУ, или на средби со пратеници во Париз или Лисабон. Но, да оди на културен настан во Венеција, а притоа на настанот веќе да има бројна државна делегација од ресорот култура (Алаѓозовски, Гаќина, Јованка Попова) која веќе била таму и го отворила биеналето, во најмала рака личи на лична културна екскурзија на министерот Димитров, на државен трошок!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...