Врховниот Суд донесе начелна одлука дека мандатот на СЈО за поднесување на нови обвинителни акти е завршен.

Објавил: Данаил Михајловски | 7 февруари, 2019 14:07

Дали СЈО е скап театар, политички инструмент или агенција за вработување!?

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, изјави дека е донесено начелно мислење дека СЈО по 30 јуни 2017 не смее веќе да биде овластен покренувач на нови истраги и обвиненија, а дека ова мислење ќе биде задолжително за кривичните судии во Врховниот суд, и тие немаат друг избор освен да поништат пресуда која би се донела за ваков предмет на Основен суд или на Апелационен суд. Ова значи дека СЈО е во судско-обвинителски аут, односно, може да ги води веќе започнатите предмети, но не може да отвара други.

Сето ова, случајно или не, се збиднува откако се заврши главната операција во земјата, сменета влада, сменет Устав, занемарен референдум, политичка пресуда за “Мерцедесот“ што за владата го купил Груевски, а Груевски е веќе на безбедно во ЕУ и НАТО членка, во Унгарија. Дали СЈО му беше некому потребно за навистина да се дојде до правда, ред и одговорност, или пак целата оваа скапа операција беше операција за политичките потреби за редефинирање на државниот Устав? 

Пред да се формира СЈО, СДСМ во секоја прилика го споменуваше Мијалков како “криминалец, главен мафијаш, братучед на диктаторот, злоупотребувач на тајната полиција“ и слично. Но, пред неколку дена премиерот Заев рече дека тоа е човек кој верува во евро-атланските интеграции и помогнал за убедување на пратеници да гласаат за смена на Уставот, а јавноста шпекулира дека денес Мијалков е во многу блиски бизнис односи со Вице Заев.

За формирањето на СЈО во опозиционата ВМРО-ДПМНЕ викаа дека е продолжена рака на СДСМ, а како институција дека троши 4 милиони евра годишно. Самата Катица Јанева потврди дека си го вработила нејзиниот внук во СЈО. Обвинителката Бети Јосифоска си ја вработила ќерката Елена, плус двајца роднини од Кичево во СЈО. Во СЈО исто така е вработен и синот на врховната судијката Лидија Неделкова, како и првиот братучед на обвинителот Гаврил Бубевски. Јанева таму ја вработила и ќерката на обвинителот Коле Штерјев, кој како претседател на Советот на обвинители и е директно претпоставен на Јанева. Во ова обвинителство е вработена и Берниса, ќерка на Есад Рахиќ, висок функционер на СДСМ. Инаку платите на обвинителите во СЈО се движат околу 2.500 евра, додека другите вработени со факултет примаат од 45-75.000 денари

Сега СЈО е ни на небо, ни на земја!

Ги нема веќе тие бомбастични прес конференции на кои Фатиме Фетаи, со дебел слој на кармин како на еротските филмови, најавува притвори, пресуди, овиненија, и збори за правда и одговорност на недопирливите Мијалков, Груевски, Елизабета Канческа, Бујар Османи, Ејуп Алими, Али Ахмети и Камчев.

Ги нема веќе тие бомбастични прес конференции на кои Фатиме, со дебел слој на кармин како на еротските филмови, најавува притвори, пресуди, овиненија за недопирливите Мијалков, Груевски, Елизабета Канческа, Бујар Османи, Ејуп Алими, Али Ахмети и Камчев. Сепак, епизодната улога која и беше доделена на Фатиме, ја одигра атрактивно.

Недопирливите, по се изгледа си останаа недопирливи за правдата, а скапата милионска забава, платена од џебот на македонските граѓани, полека завршува. Сега и самите вработени во СЈО си го бараат својот кариерен пат и се надеваат дека ќе бидат вклопени во државното обвинителство, за да можат да имаат редовна плата и следна можност за кариера. И на крајот во звучните предмети “Таргет“, “Тврдина“, “Тендери“, “Империја“, “Тортура“ изгледа ќе настрадаат само по некои “мали риби“, како сиротиот службеник од МВР, Ѓоко Поповски, кој немаше ни да знаеме дека постои на светов доколку во случајот “Тенк“ не добиеше шест години затвор. И сега сите се задоволни, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, никој не се буни. Па дури и СЈО премолчено си ја прифаќа судбината на епизодна институција која имала малку обвинителска, и малку политичка улога. А граѓаните, не се битни! Граѓаните нека бидат задоволни доколку после ставот на Врховниот суд нема да мора од буџетот на државата да се исплаќаат оштети од стотици илјади евра на споменатите недопирливи политичари. Битно Катица Јанева со 3.000 евра плата веќе почна да оди на третман за нега на коса и лице кај модниот стилист Дадар. Што има врска што тоа не може да си го дозволат вработените административци во судовите или пак наставничките од основните училишта. Треба да се знае, кој плаќа, а кој пие!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...