Колку СЈО работело професионално и дали исказите и на други сведоци во предметите на Катица Јанева се вистинити или се изнудени?

Објавил: Данаил Михајловски | 8 февруари, 2019 11:22

Дали СЈО намерно изнудувало лажни изјави против Мијалков?

Фото/Текст извор: ©магазин

Вчера двајца сведоци на Специјалното обвинителство направиле пресврет во предметот „Тортура“, каде главен обвинет е Сашо Мијалков. На судското рочиште двајцата сведоци (и двајцата вработени во МВР) излегле со спротивни изјави во однос на исказите дадени во претходната постапка. За разлика од исказите пред СЈО, вчера сведоците дале изјави во корист на одбраната на Мијалков, со што целиот предмет дека постоела “тортура“ против Љубе Бошковски, станува неоснован.

Првиот полициски службеник, под заклетва, пред судијата изјавил дека тогаш осомничениот Бошкоски се оглушил на полициските наредби „стој полиција“ и се обидел да бега. Сведокот посочил дека во моментот кога дошол на местото на настанот, не видел ништо незаконски од тоа што им се става на товар на Мијалков и на другите обвинети. 

За Љубе Бошковски сегашната власт тврдеше дека е жртва на политички прогон, по директива на Сашо Мијалков. Сега Бошковски е советник за странски инвестиции на Заев, а за Мијалков се збори дека е во добра бизнис комуникација со семејството Заеви.

Обвинителот Љубомир Лапе, лут поради спротивниот исказ на сведокот на СЈО, го запрашал дали ја говори вистината пред судот, или тогаш кога бил повикан во СЈО, по што уследило уште едно непријатно изненадување за СЈО. Сведокот под заклетва потврдил дека денешниот исказ е вистинит во целост, а дека изјавата дадена во предистражната постапка била изнудена под голем притисок од многу лица во СЈО. Како што посочил сведокот, до денес истиот е под константен притисок да даде исказ кој би одел во прилог на обвинението и бил преместуван на три различни работни места во МВР. Сведокот на денешното рочиште не сакал да каже кој сѐ му вршел притисок за да даде неточен исказ пред СЈО.

Сега се поставува прашањето колку СЈО работело професионално и дали исказите и на други сведоци во предметите на Катица Јанева, Љубомир Лапе и Фатиме Фетаи се вистинити, или се изнудени? Дали ваквите пропусти се правени намерно, со цел предметите да можат да се срушат на суд, кога власта ќе процени дека е време за “помирување“. Многу е симптоматично што во моментот кога Заев и Мијалков се зближија за проектот “смена на Уставот“, токму тогаш двајцата клучни сведоци ги менуваат исказите, што значи дека во случајот “Тортура“ обвинетите најверојатно ќе бидат невини и ослободени заради немање на докази. СЈО во случајов изгледа дека е само инструментот за “помирувањето“ на недопирливите политичари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...