Дали Филип Рикер како поранешен абасадор во Македонија ќе влијае во претседателските избори од позицијата на прв Американец во Европа ?

Објавил: Узунов Бобан | 24 февруари, 2019 11:16

Дали тоа што Никола Димитров бил заштитен извор на Филип Рикер ќе го направи фаворит за претседател во СДСМ ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави грчкиот весник „Катимерини“  а веста ја пренесоа медиумите во државава.  Дали информаторот на државниот секретар на САД за Европа Филип Рикер ќе биде фаворит за претседателски кандидат на СДСМ ?

Филип Т. Рикер (анг. Phillip T. Reeker) е дипломат кој служел како амбасадор на САД во Република Македонија помеѓу септември 2008 г. и август 2011 г. и моментално ја извршува функцијата заменик помошник на заменикот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања.
Рикер е роден во Пенсилванија, а својата младост ја поминал во неколку делови од САД, како и во Австралија.

Според диполоматсики извори Филип Рикер е амбасадорот на САД во Македонија кој  го започнува силниот притисок врз македонските власти за решавање на спорот за името после грчкото вето во Букурешт како услов за влез на Македонија во НАТО. Доказ за тоа е и едно интервју на тогашниот премиер Груевски во кое сведочи за бесот на американскиот амбасадор Филип Рикер, кога есента 2008 година во Чикаго бил запознат од премиерот и министерот Милошоски дека нашата земја ќе поведе тужба против Грција за ветото во Букурешт.


Последното споменување на името на Филип Рикер во македонската јавност беше во т.н афера од јавноста “Никиликс” каде вебсајтот на Викиликс  објавеи тајни протечени документи на кои пишува дека сегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров во 2008-та додека беше преговарач за името истовремено бил и заштитен извор на американските служби кои ги информирал за ставовите на тогашните премиер Никола Груевски и претседател Бранко Црвенковски. 

Сегашниот министер за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров се води како „заштитен“ извор на американската амбасада два пати во 2008 година откако обезбедил информации за грчко-македонскиот спор за името и НАТО и ЕУ интеграциите“, пишува Викиликс.


Информацијата за несогласувањта во државниот врв на Македонија, помеѓу претседателот и премиерот се чувала во најголема тајност, но како што стои во извештајот на Рикер, Никола Димитров кој имал пристап до ваков вид на информации го информирал американскиот амбасадор за несогласувањата. Рикер пак, тоа го ставил во извештај испратен до Стејт Департментот, со замолница да биде заштитен идентитетот на информаторот – Никола Димитро


Одредени експерти по право во јавноста тогаш побараа од ЈО обвинителство да поведе  истрага за кривичното дело шпионажа бидејќи Никола Димитров оддавал класифицирани информации со степен на државна тајна на неовластени лица а со тоа ја нарушувал и преговарачката позиција на Македонија.

На оваа афера поврзана со него тој преку фејсбук статус се обрати во јавноста дека “комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија. Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија. Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа”. 

Со оглед на објавените документи дека Никола Димитров бил заштитен извор и информатор на американската амбасада во Скопје на чие чело бил Филип Рикер, прашањето е дали сегашниот помошник државен секретар за Европа на САД ќе посака да има заштитен извор како претседател на држава ? 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...