Адолф Хитлер беше водач на нацистите и канцелар на Германија од 1933 до 1945 година.

Објавил: admin@magazin | 2 мај, 2019 21:10

Дали Хитлер се самоуби или тоа е лага? Неговиот пилот ја откри целата вистината која ја потресе цел свет!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Во неодамна објавениот дневник, пилотот на нацистичкиот водич, Ханс Баур ги откри последните зборови на Адолф Хитлер, пред него што со својата жена изврши самоубиство во бункерот во Берлин.

Баур му сугерирал на Хитлер да побегне во Јапонија или Аргентина, но нацистичкиот водич одбил.

Генерал-полковник Ханс Баур, кој беше личен пилот на Адолф Хитлер и негов близок пријател, открил во својот дневник дека Хитлер му се исповедал и го известил со зборовите „завршувам денеска„ на денот кога го извршил самоубиството.

Неговиот дневник ги осветлува последните денови на Хитлер. 

Нацизмот почнал вртоглаво да се шири меѓу широките народни маси во Германија, но првиот обид за преземање на власта со сила пропаднал.

Човек мора да биде доволно храбар да се соочи со последиците на своите постапки и затоа сега завршувам. Знам дека утре милион луѓе ќе ме проколнуваат, тоа е судбина, рече Хитлер, спрема дневникот.

Адолф Хитлер беше водач на нацистите и канцелар на Германија од 1933 до 1945 година.
Адолф Хитлер е роден во Браунау на Ин, Австро-Унгарија (денес Австрија), како син на цариник. Работел како цртач на разгледници и молер. За време на Првата светска војна се борел во Франција, бил изложен на бојни отрови и потоа бил одликуван за храброст.
По поразот на германско-австриските сили, тој станал еден од бројните бесцелни, невработени и депримирани луѓе, кои се сновеле низ Германија и размислувале што ќе се случи со нивната некогаш голема нација.
На оваа тема Хитлер почнал да размислува не како за неуспех во воена смисла, туку како за „нож во грб“ од германските политичари, корумпирани од комунистите и Евреите. Решил да формира партија, која ја нарекол Националсоцијалистичка германска работничка партија (накусо Нацистичка партија) и испланирал одмазда за поразот и реставрација на германската гордост. Набргу потоа во себе почнал да открива талент за говорништво и способност да ги врзува луѓето за своите идеи.

Хитлеровиот успех бил во врска со осетливоста на поствоена Германија на неговиот уникатен талент како национален лидер. Неговото воздигнување до моќ не било неизбежно. Сеуште нема никој кој може да се спореди со неговата способност да ги управува настаните до неговата смрт. Моќта која што ја имал била безценета.

Нацизмот почнал вртоглаво да се шири меѓу широките народни маси во Германија, но првиот обид за преземање на власта со сила пропаднал. Но со паѓањето на Германија во длабока економска криза и со растење на невработеноста, Хитлер почувствувал дека дошло неговото време и успеал да си го пробие патот до власта, нудејќи му на народот само едно решение: слепа послушност на неговата волја.

По јануари 1945 Хитлер не ја напуштил канцеларијата во Берлин или неговиот бункер, осмислувајќи план за последен отпор на југот како што се ближеле советските сили кон Берлин. Во состојба на целсона исцрпеност и нервоза, тој на крајот го прифатил неизбежниот пораз, и одлучил да си го одземе својот живот и да ја остави земјата врз која имал апсолутна моќ на милост и немилост на нејзините окупатори.

Пред ова, останале уште две работи да се извршат. Првата – се оженил со Ева Браун на полноќ помеѓу 28 и 29 април. Веднаш потоа го издиктирал својот политички тестамент, оправдувајќи ја неговата кариера и назначувајќи ги адмиралот Карл Дениц за претседател и Јозеф Гебелс за канцелар. На 30 април за последен пат се поздравил со Гебелс и неколку останати кои што биле со него, и влегле во бункерот со неговата жена. Хитлер се застрелал, а неговата жена се отрула.

Според неговите инструкции, нивните тела биле запалени. Хитлеровиот успех бил во врска со осетливоста на поствоена Германија на неговиот уникатен талент како национален лидер. Неговото воздигнување до моќ не било неизбежно. Сеуште нема никој кој може да се спореди со неговата способност да ги управува настаните до неговата смрт. Моќта која што ја имал била безценета.

Неговите идеали и намери биле прифатени во целиот свет или во дел од милиони луѓе, особено во Германија. Со текот на времето тој бил поразен, уништил голем дел од тоа што останало од старата Европа, додека германскиот народ морал сам да се справи со тоа што би го нарекле подоцна “Нултата година” 1945.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести