Зошто е потребно Македонија во услови на пандемија и сериозна финансиска и економска криза итно да се задолжи со огромна сума на пари за реформа, а при тоа нема јасно изградена стратегија и реално одржлив план за нејзино спроведување? –праша Муцунски.

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 февруари, 2021 5:09

Дали Царовска е подготвена да ги признае грешките за образовниот радикален „концепт без концепт“ и зошто се задолживме 21.5 милиони евра?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во пратеничко прашање упатено до министерката за образование и наука праша дали таа е подготвена да ги признае грешките од образовниот „концепт без концепт“ како и зошто се задолживме како држава плус 21.5 милиони евра ?

-Пред две недели имаше јавна расправа за реформата на образованието. Поврзано со овој радикален „концепт без концепт“ кој беше предмет на критика од најстручните во рамки на законодавниот дом дебатиравме за дополнително задолжување во висина од 21.5 милиони евра, иако министерката беше уредно поканета таа сепак не дојде во овој дом од кого е избрана и пред кого има уставна обврска во секое време одговара, таа не даде образложение, вели Муцунски.

Зошто е потребно Македонија во услови на пандемија и сериозна финансиска и економска криза итно да се задолжи со огромна сума на пари за реформа, а при тоа нема јасно изградена стратегија и реално одржлив план  за нејзино спроведување? –праша Муцунски.

Тој исто така ја праша министерката Царовска дали е подготвена да ги признае направените грешки и да се врати на маса со видни експерти во државата заради заедничка подготовка на одржлива образовна реформа во областа на основното образование, а во чии рамки во прв план ќе бидат ставени интересите на учениците, наставниците, родителите и воопшто напредокот на државата во рамки на образовниот процес!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...