Христијан Мицкоски во 2016 станал директор на АД „Електрани на Македонија“, а во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев.

Објавил: admin@magazin | 29 декември, 2019 11:09

ДАЛИ ЌЕ ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ КАКО ВОЈНИК? Сега е лидер на ВМРО ДПМНЕ и има преубава сопруга РОЗИ(фото)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Христијан е професор на Машинскиот факултет и лидер на најголемата партија во нашата држава, ВМРО-ДПМНЕ. 

Христијан Мицкоски во 2016 станал директор на АД „Електрани на Македонија“, а во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев.

Избран е за лидер на ВМРО ДПМНЕ на шеснаесетиот конгрес на партијата во Валандово.

Студирал на Машинскиот факултет во Скопје во периодот од 1996 до 2001 година. Со звањето магистар по технички науки се стенува во 2003 година при завршување на постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје со магистерската тема „Оптимизациона синтеза на лостови механизми“.

Рози сопругата на Христијан Мицксоки е вработена жена, која многу ја сака својата професија и како професор по македонски јазик во скопската гимназија “Орце Николов” дава се од себе да ги поттикне тинејџерите да читаат книги и добро да го научат и да го почитуваат мајчиниот јазик. Рози е и мајка на 12-годишниот Јован и на тригодишниот Антони, кои како што вели, ги растат заедно со сопругот, но сега, кога тој се занимава со политика, таа презема поголем дел од задачата за нивно воспитување. Иако нејзиниот сопруг на митинзите покажува голема енергија, таа вели дека во кругот на семејството и со децата е сосема смирен, и оти има исто толку енергија и за нив. За себе кажува дека е позитивна и ведра личност која верува дека во секој човек има нешто добро.

Според податоците од Националната и универзитетска библиотека во Скопје, тој во 2009 година под менторство на проф. д-р Даме Коруноски на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје ја одбранува докторската дисертација со наслов „Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика.“

Во овој извор наведени се и членови во комисијата за одбрана: Даме Коруноски, Кочо Анѓушев, Емилија Ветаџокоска, Владимир Дуковски и Атанаско Тунески. Во други извори се вели дека докторирал на други универзитети (во Германија или Италија).

Полето на научен интерес на Мицковски опфаќа: Лостови механизми, Проектирање и оптимизација на лостови механизми, Отимизација на лостови механизми, Кинематичка и кинетостатска анализа на лостови механизми, Синтеза на лостови механизми, Динамика на механизмите и машините, Развивање на софтверски пакети за синтеза и оптимизација на механизмите, Проектирање и симулации на мехатрони системи.

Во периодот од 2001 до 2002 работи како главен и одговорен проектант и изведувач на теротехнички инсталации, Фонко клима, Скопје.Од 2002 до 2004 година работи како помлад асистент на Машинскиот факултет.

Од 2004 до 2009 година работи како асистент на истиот факултет. Во периодот од 2009 до 2014 работи како доцент. Во 2014 на истиот факултет избран е за вонреден професор.
Во 2016 година поставен е за претседател на управениот одбор и Генерален Директор на АД ЕЛЕМ.

На 6 август 2017 година разрешен е од оваа позиција од страна на новата влада предводена од СДСМ.
Во јуни 2017 година, веднаш по изборот на новата влада на СДСМ Мицкоски се повлекува од позицијата „надворешен соработник за енергетика“ на која е назначен од претходната влада.Во истиот период тој се повлекол и од други комисии во кои функциите ги извршувл бесплатно. Како причина за оставките Мицковски ги навел различните политички, економски и енергетски концепти со оние што ги има новата влада.

За подготовките за Бадник, Божик, именденот, но и за други прослави кои ги слави семејство, а кои се во јануари, задолжена е неговата сопруга Рози.

На изборите во 2008, 2014 и 2016 е дел од Републички изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за изборната единица четири (ИЕ4).
Од 2010 до 2012 Ко-претседател на комисијата за енергетика.

Член е на Републичкиот изборен штаб на изборите во 2011 година.
Во периодот 2015–2017 бил советник за енергетика на премиерите Никола Груевски и Емил Димитриев.

Од април 2017 година претседател е на кадровата комисија на ВМРО-ДПМНЕ.
Од јуни 2017 до декември истата година ја извршува функцијата генерален секретар на партијата.
Непосредно пред локалните избори (на 5 декември 2017) се повлекува од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат на советник во Советот на Град Скопје.

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

На 16-тиот вонреден конфрес на партијата, кој се одржал во Валандово, за Мицкоски гласале 376 делегати (од вкупно 438). По изборот Мицкоски ја дава следната изјава:

„Македонија мора да оди напред, да стане земја членка на ЕУ и НАТО, но потребна е реална волја, структурни и реални реформи, преку професионални кадри кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда…мора да стане минато. Македонија мора да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што е сега. Оние кои ја делат правдата мора да бидат независни и непристрасни. Мора да растат платите на граѓаните, клучот е во развојот на економијата.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.