Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2020 20:46

Данаиловски: Македонија бележи нагол пораст на новозаболени, хоспитализирани и починати од КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во гостувањето во емисијата Само вистина“ епидемиологот Драган Данаиловски посочи дека последниве денови започна пак да се зголемува бројот на новозаболени од вирусот и на хоспитализирани што не е во ред, бидејќи се очекуваше намалување на бројот на заболени.

„Од 27-ми септември Македонија забележува нагол пораст на регистрирани на заболени од КОВИД-19, но и на хоспитализирани. Бројот на хоспитализираните, а не бројот на позитивните кои што се утврдуваат е по релевантен, веродостоен показател за динамиката на епидемијата. Исто така параметар се и бројот на починатите. Бројот на починатите во последниве недели на некој начин имаше блага тенденција на опаѓање, мене тоа на некој начин ме натера да верувам дека започна да стивнува вирусот. Меѓутоа еве сега гледаме дека имаме веќе и зголемување на бројот и на починатите“, истакна Даниловски.

Даниловски додаде дека во Македонија смртноста се зголемува.

Инаку во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести