За ВМРО-ДПМНЕ единствен противник е власта која ќе ја смениме и која ја одведе во пропаст Македонија, се додава во соопштението.

Објавил: Македонка Димкин | 17 септември, 2022 18:56

Данела Арсовска преминува во СДСМ?

Фото/Текст извор: ©ВМРО/ДПМНЕ

„Тоа што СДС одговара во име на Данела Арсовска, потврдува дека наводите за тајна средба Арсовска Ковачевски имаат основа“, велат попладнево од ВМРО-ДПМНЕ, по соопштението од СДСМ, во кое владејачката партија демантира дека нејзиниот лидер, премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар, Миле Зечевиќ, неделава тајно се сретнале со скопската градоначалничка.

„За неполни 48 часа, во време на инфлација и енергетска криза, клептоманската СДС плати и ѝ подари билборди на Арсовска само за да се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ, потоа оддржува прес-конференции за сомнеж за криминал кој го прави Данела Арсовска и кој неосновано се препишува на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека клептоманската СДС ја „црпна” Арсовска да биде новото лице во уценетата и новоформирана коалиција која одработува за својата слобода пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ“, велат од опозициската партија.

За ВМРО-ДПМНЕ единствен противник е власта која ќе ја смениме и која ја одведе во пропаст Македонија, се додава во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести