Дополнително загрижува и вториот бран кој според власта не очекува во есенските месеци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 мај, 2020 17:00

Даниловски: Олабавувањето на мерките беше непромислен потег!

Фото/Текст извор: ©Курир.мк

Уште поголем број заразени денеска, но и мртви. Четири жртви и 52 новозаболени е денешниот црн биланс на ИЈЗ. Но прашање е колку се и приватно тестирани.

И додека здравствените власти постојано смируваат дека епидемијата е под контрола, реалноста е алармантна. Епидемиологот Драган Даниловски за Алфа алармира дека наголото попуштање на мерките е недоволно промислен потег на власта – затоа бројот на заразени и починати, очекувано расте. Олабавувањето требаше да се одложи, вели тој.

“Релаксацијата на мерките не требаше да биде подеднаква за сите.Имено таму каде што во тие региони каде што имаше и има, поголем број на заразени, таму мерките требаше да останат уште некое време.” – вели Проф. д-р Драган Даниловски.

Дополнително загрижува и вториот бран кој според власта не очекува во есенските месеци. Епидемиолозите предупредуваат дека токму сега го живееме вториот бран од вирусот тоа го потврдува и статистиката на Ворлдметерс, каде сме втори како држава и по заболени и по смртност. Даниловски апелира засилено да се тестира.

“Мојот апел одамна е, државата мора да врши како никогаш досега колку што е можно повеќе тестирања.За што повеќе да се лоцираат заразените и оние невидливите асимптоматските.” – апелира епидемиологот Даниловски.

Даниловски апелира и за поголемо казнување на граѓаните доколку не се држат до препораките.

” Државата не може да остане само на апели за придржување на мерките.Туку мора да врши постојан надзор и најстрого да казнува за непридржување кон личните заштитни мерки.Без тоа верувајте сиот труд досега ќе отиде во ветер и се ќе биде залудно.” – рече Проф. д-р Драган Даниловски.

Денешниот е најголемиот број новозаразени последниот период. Лекарите без исклучок по олабавувањето на мерките реагираат дека слободата на групирање, својствена посебвно за предизборни кампањеи може да доведе до катастрофа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести