Имено пејачот дури и си направил список кој го презентираше пред јавноста.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 септември, 2019 10:51

Дарко Лазиќ ја шокираше јавноста- објави список со жените со кои имал секс

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот српски пејач и Sвезда на Гранд, Дарко Лазиќ  повторно ја шокираше јавноста, но овој пат тој откри интимна тајна, и тоа ни помалку ни повече, туку со колку жени спиел.

Дарко Лазиќ открива со колку жени спиел

Имено пејачот дури и си направил список кој го презентираше пред јавноста.

Дарко Лазиќ беше гостин во шоуто Огнен Амиџиќ, каде доби прашање на лист, на кое мораше да одговори, но не беше должен да го прочита прашањето на кое тој одговори.

– 358! Имам список дома. Тоа ми беше интересно. Во 2011 година, јас престанав да пишувам. Можам да сликам и да ви испратам список. Има некои кои не треба да се знаат – рече Дарко, а многумина веднаш помислија дека прашањето е со колку жени имал интимни односи.

По ова Дарко откри дека бројот од тогаш н ее многу зголемен поради тоа што претходно беше во брак со Ана Савиќ, со која има и една ќерка, а сега е верен со Марина со која доби син па открива дека нема секс со други жени.

Инаку Дарко Лазиќ важи за контроверзна личност тој минатата година доживеа страшна сообраќајка во која се здоби со тешки телесни повреди, и беше во критична состојба.

Пејачот имаше повреди на главата, скршена му е бутната коска, како и неколку ребра. Дарко беше во вештачка кома, и приклучен на апарати за дишење но за среќа успеа да се избори и сега е здрав.

Тој пред извесно време изјави дека „Повредите што ги имав се многу сериозни и морам да внимавам на килограмите, но и додека водам љубов“, и призна дека се плаши поради тоа Марина да не си најде некој друг и да го остави.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.