Зоран Заев и Бујар Османи следната недела ќе ја убедуваат Меркел за да им даде датум!

Објавил: Данаил Михајловски | 8 јуни, 2019 7:42

Датумот за преговори со ЕУ зависи од Меркел, но Бујар го знае месецот!

Фото/Текст извор: ©магазин

Во гостувањето на емисијата 360 на Алсат, вицепремиерот Османи изјави дека одлуката на ЕУ за Македонија е фиксна и дека земјава треба да добие датум во јули, септември или октомври, но дека има некои земји членки кои не ја сфаќаат сензитивноста на тоа зошто на Балканот еден ден, една недела или еден месец покасно може да ја искомплицира ситуацијата. Бујар Османи не ги спомна кои се тие земји, но јавноста веќе знае дека резерви за датумот најмногу доаѓаат од Франција, Данска, Германија и Холандија. Тој напомена дека за официјален Париз тајмингот на одлуката за датум не бил проблематичен, а дека следната недела заедно со премиерот Заев ќе ја убедуваат германската канцеларка Меркел да се согласи за добивање на фиксен датум во јули.

Како аргументи зошто треба да се инсистира на што поскоро добивање на одлуката за датум за преговори Османи ги спомна ризиците од регионалните спорови, најавените избори во Грција во Јули, како и одлуката за Брегзит за која ЕУ ке расправа во октомври. Османи исто така истакна дека мандатот на оваа Европска комисија завршува на крајот на октомври и дека од први моември ќе има нов претседател на комисијата, како и нов комесар за проширување, но не се знае какви ќе бидат нивните политики. Во однос на регионот вицепремиерот Бујар Османи рече дека извештајот за Македонија покажува дека таа е подобро оценета и од Србија и од Црна Гора, иако овие две држави веќе пред неколку години ги имаат отпочнато преговорите за членство со ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести