Од ВМРО додаваат дека пратеници кои одлучуваат за суштински прашања нарачуваат наркотици по телефон, но и за тоа нема одговорност.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 мај, 2019 22:14

“Датум за почеток на преговори нема затоа што СДСМ се фокусира на криминалот”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од опозициската ВМРО, реагираат дека министерката за труд и социјала призна милионски скандал со фондот за Пиом, а одговорност немаше од никого.

Од ВМРО велат дека на СДСМ и е поважен криминалот, отколку проектите

Десетици млади и стари починаа во епидемиите на грип и сипаници, додека министерот си делеше крвави тендери, одговорност немаше.Гореа документи во министерството за правда, се напаѓаа притворени лица, одговорност немаше.Криминално се делеа субвенции преку Фондот за иновации тешки милиони евра, одговорност немаше.Се вработуваа синови, ќерки, љубовници, мајки, браќа и сестри по огласи кои беа распишани само за нив, одговорност немаше, стои во соопштението на ВМРО.

Од ВМРО додаваат дека пратеници кои одлучуваат за суштински прашања нарачуваат наркотици по телефон, но и за тоа нема одговорност.

Долгот расне, граѓаните се повеќе осиромашуваат, одговорност нема од министерот за финансии.Македонија тоне на листата за корупција, а Заев и Анѓушев си делат тендери и нормално одговорност нема.Сето ова неодговорно и криминално владеење го гледаат меѓународните претставници и сосема очекувано, како што нема одговорност ќе нема ниту датум за преговори во јуни.Датум за почеток на преговори ќе нема затоа што на власта и е поважен криминалот, отколку проектите.

Од ВМРО велат дека две години граѓаните не видоа ништо од најавените 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Администрацијата се партизира, а судството политизира. Реформи нема.Без реформи, без проекти и инвестиции државата не може да тргне напред. СДСМ мора да си замине.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести