Колегите во неверување се простуваат од актерката

Објавил: admin@magazin | 7 април, 2019 10:00

Дац за Беличанец: Беше мојот Петар Пан…и замина во Недојдија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

„Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан”, напиша актерот Драган Спасов-Дац за својата колешка која сношти беше пронајдена мртва во стан во Скопје.

„Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче. Замина во Недојдија”, објави Дац на својот Фејсбук профил. 

И актерката Јелена Јована со емотивна порака се прости од нејзината постара колешка, Билјана Беличанец, која синоќа беше пронајдена мртва.

„Се надевам дека сега си на подобро место…
Се надевам дека таму нема да си изневерена од никого…
Се надевам дека таму ќе си прегрната од љубов која овде ти недостигаше…
Толку многу даде, а уште колку многу остана….
Тешко и за неверување маме..
Ти благодарам за СЕ!
Почивај во мир Билјана Беличанец“-напиша Јелена.

„Почивај во мир драга Беличанец, во вечноста пронајди го тоа што овде не можеше… бескрајно ќе ни недостастуваш…“, напиша Жугиќ.

 

Актерката има две деца од првиот брак, а од неодамна, втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.

Смртта на Беличанец ја пријавил сопругот кој затекол хорор во бањата. Таа имаше неполни 46 години. 

Нејзини последни претстави се “Господа Глембаеви”и “Последните Македонци” во матичниот Драмски театар. Беличанец глумеше во повеќе ТВ-проекти како “Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија.

Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.

Сашо Миленковски, сопруг на актерката Билјана Беличанец Алексиќ синоќа во 22.30 часот во  полициската станица Центар пријавил дека во неговиот стан на улица Истарска ја пронашол почината неговата 45-годишна сопруга, која си го одзела животот со бесење, соопшти МВР.

Телото на починатата актерка Билјана Беличанец е предадено на обдукција, потврдија од Скопското јавно обвинителство. Oттаму велат дека синоќа бил извршен увид oд дежурен јавен обвинител, увидни екипи на МВР и двајца обдуценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести