Тој јасно рече дека тоа е неприфатливо за Србија и дека Вучиќ ќе постапува во согласност со уставот. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 септември, 2020 10:25

Дачиќ: САД понудија Србија да го признае Косово- Вучиќ ги одби!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисија на ТВ Пинк, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ги коментираше почетокот на разговорите меѓу Србија и Приштина во Белата куќа кој продолжуваат и денес, и посочи дека српскиот претседател Александар Вучиќ „брутално“ ја отфрлил точката за признавање на независноста на Косово.

,,Вистина е дека документот со сите овие предлози, вклучувајќи ја и точката 10, е на преговарачката маса и од Вашингтон добив информација дека Вучиќ ја отфрлил таа точка на „многу брутален начин“, рече Дачиќ во специјалната емисија на ТВ Пинк по повод дијалогот на Белград и Приштина, кои започнаа преговори денес во Белата куќа под покровителство на американската администрација.

Тој јасно рече дека тоа е неприфатливо за Србија и дека Вучиќ ќе постапува во согласност со уставот. 

„Нашата делегација не го измисли, тие прочитаа што е напишано во тој документ на масата“, рече Дачиќ, коментирајќи ја веста дека специјалниот пратеник Ричард Гренел ги демантирал тврдењата на медиумите дека на Србија и бил предаден документ со кој се признава независноста на Косово.

Дачиќ во гостувањето посочи дека тој документ со текстот никогаш порано не бил презентиран пред српската делегација.

Инаку вчера неофицијално порталот В92.net. објави дека уште на почетокот на состанокот во Белата куќа, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му бил врачен документ според кој Србија требала да го признае Косово.

Министерот за финансии, Синиша Мали, изјави дека на состанокот во Белата куќа имало хартија на маса, од која една точка подразбира заемно признавање на Србија и Косово и дека има огромен притисок врз претседателот Вучиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.