Дачиќ за РТС кажа дека тешко дека Австралија ќе прифати кои било аргументи на државата Србија кога станува збор за случајот на Новак Ѓоковиќ.

Објавил: admin@magazin | 8 јануари, 2022 15:25

Дачиќ: Ќе има големи последици по односите на Србија и Австралија

Фото/Текст извор: ©магазин

Српската премиерка Ана Брнабиќ потврди дека се слушнала со министерката за надворешни работи на Австралија и дека разговорот за Новак Ѓоковиќ бил конструктивен.

До финалната одлука останува во Парк хотелот. Издејствувавме да му се носи безглутенска исхрана, да добие справи за вежбање, му однесовме лаптоп, сим картичка за да биде во контакт со семејството, рече Брнабиќ и изрази надеж дека барем малку му е олеснет престојот во собата.

Дачиќ за РТС кажа дека тешко дека Австралија ќе прифати кои било аргументи на државата Србија кога станува збор за случајот на Новак Ѓоковиќ.

Тоа не е никаков специјализиран и специфичен случај. Тука станува збор за политизација на прашањето бидејќи стотици луѓе добиваат разни изземања. И ние политичарите сме биле на разни одлучувања секаде по светот. Во Британија моравме да одиме. Целата делегација мораше да бара изземање но тоа беше во рамки на политичките манифестации, па ОН гарантираа за тоа. Ако можат други тенисери да доаѓаат, зошто некој така се однесува кон Новак Ѓоковиќ“, праша Дачиќ.

Укажа дека постојат политички импликации и дека тоа што се случува ќе остави последици по односите на државата Србија и државата Австралија.

„Нашите односи не се многу развиени бидејќи сме оддалечени, тоа е земја која себеси се смета за исклучително посебно и специфична, тие тоа секогаш го зборуваат. Кога баравме укинување на визите, тие кажаа дека и англиската кралица мора да има виза за да дојде во земјата во која е кралица“, кажа Дачиќ.

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ имал позитивен тест на ковид на 16 декември, а сепак на 17 декември, на свеченоста во Белград им ги врачил пехарите на најдобрите млади тенисери прогласени од Тенискиот сојуз на Србија (ТСС).

Во судските документи објавени денеска во Мелбурн, каде тенисерот е во имиграциски притвор оти му е одбиена визата за влез во Австралија иако добил медицинско изземање оти не е вакциниран, адвокатите на Ѓоковиќ велат датата на првиот позитивен ПЦР тест за ковид е 16 декември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.