Пикантерии од преговорите меѓу Белград и Приштина

Објавил: Узунов Бобан | 16 јануари, 2019 15:42

Дачиќ: Ќе се степавме со Кучи

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, изјави дека за време на состанок на делегациите на Србија и на Косово во Брисел, малку требало за да дојде до тепачка меѓу него и тогашниот косовски министер за правда, Хајредин Кучи.

Дачиќ ова го рече по повод изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека поранешниот косовски министер за правда скокнал на Дачиќ за време на еден состанок меѓу делегациите на Белград и Приштина и дека тој морал да му помогне.

Како што изјави Дачиќ за белградски „Курир”, оваа ситуација се случила пред неколку години, кога тој бил премиер и кога во делегацијата беа тој и Вучиќ.

Како што наведе, најекстремни биле министрите за правда Хајредин Кучи и Едита Тахири.


Груевски е последното прибрежиште на националистите што останаа во регинот. И тие во Белгарад се сменија. Она што го прави Груевски, го прави за да не прикажуваат на BBC и CNN. Јас не сакам да не има на телевизија поради ова. Таа политика на прво мести и штети на нивната држава, па потоа и на другите – изјави на Кучи во интервјуто за Клан ТВ од септември 2013 година

„Јас се изнервирав, сешто им кажав – кој се тие постојано да ја напаѓаат Србија дека сме извршиле геноцид, тие ништо не прифаќаат. Кога Кучи рече дека ние србите сме убијци, малку требаше за да дојде до физичка пресметка”, рече Дачиќ.

„Скокнавме преку масата Кучи и јас за да речиси физички се пресметаме. Тогаш Вучиќ скокна, паднаа тешки зборови и на крајот ги замолкнавме.” Сите нив, Кетрин Ештон, ги исфрли од состанокот “, раскажа Дачиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести