Александар Пандов преку својот ФБ Профил испрати остра но и емотивна порака до обвинителот кој ги стрпа во затвор невините лица како што е Сашо Сенков, Игор, Борис, Владо, Богдан, Ченто, Горан, Илче, Тошта...

Објавил: Македонка Димкин | 7 јуни, 2018 22:26

Сакам да го предупредам обвинителот!

Фото/Текст извор: ©ФБ

Читам вчера Сашо Сенков после цела година притвор во Шутка е ослободен од обвинение. Тврдам дека истото порано или подоцна ќе се случи и со Игор, Борис, Владо, Богдан, Ченто, Горан, Илче, Тошта …

Сакам да го предупредам обвинителот кој што го водел случајот против него, како и сите останати обвинители и судии кој и понатаму ги малтретираат уставобранителите од 27 април со притвори и влечење по судови, дека се ќе направам истите да си добијат заб за заб, око за око, година во Шутка за година во Шутка.

Колку лежел Сенков, толку да лежи и обвинителот. Дека ќе бидете набркани од работа мислам дека не треба ни да ви кажувам. Само така ќе има правда и ќе има мир.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика