Од потребните 25.000 долари за нејзината трета операција, сме собрале без малку 15.000…

Објавил: Весна Петровска | 25 мај, 2019 11:24

Да донираме за Мила да има убаво и безгрижно детство – за нејзиното лекување фалат уште 10.000 евра

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Уште еднаш да ја покажеме хуманоста на дело и да помогнеме малата Мила да оздрави и да има убаво и безгрижно детство. Треба да се соберат уште 10.000 евра.

Од семејството на Мила испратија порака на социјалните мрежи за благодарноста на хуманите луѓе.

Од потребните 25.000 долари за нејзината трета операција, сме собрале без малку 15.000…
Браво, децо!

И вака си викам сабајлево…
Уствари, ние за еден ден можеме да ги дособереме, ако објавава ја шернат 1.000 души, ако шеровите ги видат и уважат по шесторица и сите пратиме по само едно пораче! Едно! Само едно од 100 денари и ќе завршиме работа…

VIP 143 123
TELEKOM 070 143 143

Ако сме факмани, ќе биде така, ако не…
Ќе имат концерт Охрид во Куба Либре на 03.06. од 21ч…
За неа ќе пеет и свирет Куцинон, Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиновски…
COSY BAR Skopje се исто така увек расположени за соработка (а ова е отворена покана за сите изведувачи да направиме една анплагд свирка, на пример)

Добро утро, добри дечки!
Донираме, споделуваме!
Идемо…
#СитеЗаМила (свила) 😀

 

За потсетување, Малата Мила Димоска има потреба од помош за лекување на оштетувањето (дистрофија) на мозокот и итно треба да се оперира во Кина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести