Росоклија до Заев, извинете му се на Македонскиот народ, почнете за зборувате вистина, потоа станете партнер а не потчинет во дијалогот и опкружен сте со непослушни и неспособни

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 6:48

Да му се извините на народот, да почнете да ја зборувате вистината

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорот Росоклија со “насоки” до премиерот Заев, што треба да направи сега, откако референдумот е мртов.

Имено македонскиот професор на Универзитет “Колумбија” во Њујорк, Горазд Росоклија, му се обрати на премиерот Зоран Заев преку својот профил на социјалните мрежи одговарајќи му на прашањето “што да правиме сега”, по признанието дека референдумот е неуспешен.

ШТО ДА ПРАВИМЕ СЕГА!
(прашува премиерот)

Да му се извините на народот, да почнете да ја зборувате вистината, да ги браните интересите на македонската држава и на луѓето во неа независно од етничката припадност, а тие интереси не се и не можат да бидат идентични со интересите на соседните држави и со НАТО членките.

Некогаш интересите ни се совпаѓаат, почесто не!

Да воспоставите дијалог со Европа, со САД и со светот како партнери, не како покорни субјекти.

За таква политика потребни ви се паметни и способни, а вие сте опкружени со послушни и неспособни. – му пиша Росоклија на Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.