Нека е честит денот и вечен пламенот кој сеуште гори во срцата на нацијата, пламенот кој ја разгори борбата за независна и европска Македонија.

Објавил: admin@magazin | 23 октомври, 2019 19:35

Да не беа БМОРК, па ТМОРО, ВМОРО, немаше да има ниту ВМРО, ниту борба за она што сме денес!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска го славиме поривот на групата во Солун, револуционерниот вознес кој после се не заврши како една најобична идеја, туку продолжи да вирее како визија за иднината на нивната и нашата татковина.

Визијата за слободна, автономна и независна Македонија која го хранеше револуционерниот порив низ годините потоа воскресна како државотворна идеја која денеска останува да ја чуваме и имплементираме до крај бидејќи како и тие така и нашите но и идните генерации ги чекаат нивните односно нашите борби за Македонија како што ја замислуваа нашите предци, револуционери, преродбеници како што ја замислуваше нацијата која ја воскресна идејата за ВМРО.

Да не беа БМОРК, па ТМОРО, ВМОРО, немаше да има ниту ВМРО, ниту стремеж, ниту борба за она што сме денес, за она што се стремиме да бидеме утре, Македонија широко препознаена како рамноправен член на Европското семејство.

Нека е честит денот и вечен пламенот кој сеуште гори во срцата на нацијата, пламенот кој ја разгори борбата за независна и европска Македонија.

ВМРО НП!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести