Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ ги охрабрува институциите да покренат постапки за одговорност за бегството на Груевски но и бара фокусот да се врати кон вистинските проблеми

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 7:43

Да престане “шоуто” на власта и да се вратиме на проблемите

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, гостувајќи на 1ТВ, имаше неколку битни поенти во своето интервју со кои повика да се прекине забавата за широките народни маси и да се врати фокусот на вистинските проблеми.

Мицкоски бегството на експремиерот и почесен претседател на партијата, Никола Груевски, го нарече скандалозно. Категорично ги отфрли шпекулациите дека знаел за планот на Груевски и дека за тоа бил запознат на нивната неодамнешна инкогнито средба.

Вистинското прашање е како ова се случи. Зошто надлежните институции го дозволиле бегството. Многу добро знаат јас каде се движам, зошто не би знаеле за Груевски, кој беше осуден на две години затвор. Доколку навистина не знаеле тогаш станува за голем пропуст. Крајно време е да престане реалното шоу што ни го приредува власта. Ги охрабрувам во истрагата да ги пронајдат виновниците и помагачите. На последната средба со Груевски пред неговото бегство, како што рече, разговарале на неколку теми. Меѓудругото и за сето она што му се случувало на експремиерот, што беше и претходно, како што додаде, квалификувано како политички прогон. „Немав никакви индиции дека тој ќе побегне. – рече Мицкоски.

Тој негираше и дека неговите посети на Србија и Унгарија имале некаква поврзаност со бегството на Никола Груевски.

Да, точно е дека изминатиот период го искористив за низа патувања, меѓу кои беше и патувањето во Србија, но тоа беше приватно патување и не се сретнав со Вучиќ, тој тогаш не ни беше во земјата. Тоа го искористив и да отидам до Унгарија за да се видам со Орбан, неколку недели пред скандалозното бегство на Груевски. Јас стојам на располагање. Со Орбан не разговаравме за Груевски, туку за Конгресот на Европската народна партија. – рече Мицкоски.

Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој во врска со бегството на Никола Груевски поентираше дека е неопходно да се спроведе истрага за јавноста да дознае што точно се случило во врска со скандалозното бегство на експремиерот.

Исто така, во интервју за 1ТВ претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со таканареченото „Кацарска судството“ вели дека ова што сега ни се случува е далеку од европски квалитет и европски стандарди.

Тој притоа посочува дека пред нас се реформи кои се неопходни да се направат не само во судството туку и во обвинителството но и во други сфери што се поврзани со правната држава.

Ако ние правиме реминисценција за нешто што било во минатото,а создаваме слично такво дури и 10 пати полошо и тоа го оправдуваме, еве и под претпоставка се што било порано било лошо, ако ние исто правиме сега па дури и неколку пати полошо што сме постигнале како општество.

Критикувајќи го минатото а гледаме како ни оди во сегашноста без да обезбеди вистински правец за иднината што правиме ние како политичари и како ние на овие граѓани во Република Македонија ќе и овозможиме подобра и посигурна иднина. – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ притоа пак повтори дека не треба да се навраќаме постојано во минатото туку треба да се фокусираме на сегашноста за да можеме да се работи на иднината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.