Во канцеларијата на Народниот правобранител 25 пријави за попречено гласање, ниту една за агитација, притисок, закани и уцени за излегување

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 16:31

Дваесет и пет пријави кај Народниот правобранител за попречено гласање

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На бесплатната телефонска линија за пријавување на нерегуларности и попречување во гласањето, до канцеларијата на Народниот правобранител имало 25 јавувања до 13 часот, изјави Зоран Билбиловски, секретар кај Народниот правобранител.

Осумдесет отсто од јавувањата, како што рече Билбиловски, се од лица кои во периодот од распишување на референдумот до денот на гласањето, извршиле обнова на личните карти, односно им престанала важноста. Сите тие лица, на кои им завршила важноста на личните карти, системот ги брише и тие немаат право да гласаат, појасни Билбиловски. 

Останатите се од Демир Хисар. Едно лице се јавило во име на 100 лица, пациенти, кои се наоѓаат во болница и неможат да гласаат. Тоа се случува и во старски домови. – изјави Билбиловски.

Од страна на ДИК се организира само за болни и немоќни да гласаат, а не и за пациенти кои се наоѓаат во болница. Болниците се изземени.

Според информациите, досега има две пријави за агитирање. Во Скопје и Битола се делеле летоци. – рече секретарот кај Народниот правобранител.

Се уште нема податоци за пријави во сите шест канцеларии на Народниот правобранител низ државата дополни Билбиловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...