Вчера, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов присуствуваше на посадувањето на дрвцата на кои стојат имињата на 20 новороденчиња, но и нивниот датум на раѓање.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 мај, 2019 18:12

Дваесет новороденчиња добија дрвце во Скопје со нивното име и датум на раѓање

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото :СДК

Откако пред една година беше најавен проектот за посадување дрвце за секое новороденче, „Дрво за секое дете“ конечно вчера беше и реализиран. 

Вчера, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов присуствуваше на посадувањето на дрвцата на кои стојат имињата на 20 новороденчиња, но и нивниот датум на раѓање.

Вчера 20 новороденчиња добија дрвце со своето име и датум на раѓање ФОТО Радио Моф

Првите плочки со имиња на новороденчиња беа поставени на новиот дрворед зад стадионот на Армијата, до Кејот на реката Вардар. Плочките се напишани на јазикот кој го одбрале родителите.

„Заедно со родителите на пријавените дечиња, почна проектот „Дрво за секое дете“ што го работиме заедно со ЈП „Паркови и зеленило“ и гинеколошко-акушерските болници во Скопје. Во наредниот период уште 300 дрвја во градските дрвореди и паркови ќе добијат плочки со имиња на новородените деца во чија чест е засадено тоа дрво. Особено се радувам што овие деца ќе растат истовремено со дрвјата и ќе можат да го следат растот на своето дрво. Со тоа, на симболичен начин сакаме да создадеме врска меѓу градот и неговите сегашни и идни граѓани“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

На акцијата може да се пријават сите идни родители кои се заинтересирани за нивното новороденче да добие свое дрвце во главниот град.

Инаку минатата година, на 2 април градоначалникот Петре Шилегов потпиша меморандум за спроведување на проектот со гинеколошко-акушерските клиники во Скопје, кога беше одлучено родителите кои сакаат нивното дете да има дрво на кое ќе стојат неговите податоци ќе можат да се пријават во Град Скопје.

Оние кои сакаат да учествуваат во оваа акција, по напуштање на гинеколошката клиника, треба да го пријават добиениот код на телефонскиот број 071/395-395, од каде потоа ќе добијат дополнителните информации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести