Сообраќаен билтен на СВР Скопје за изминатото деноноќие

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 8:38

Двајца загинати во сообраќајки во Скопје

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Еден возач и еден сопатник се загинати, а едно лице се здобило со лесни телесни повреди во три сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 71 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, двајца возачи под дејство на алкохол, 16 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило.

Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 87 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило “пајак” отстранети се 65 возила.

Полицијата санкционирала и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство за минување на пешаците и тројца за неправилно престигнување.

Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

По повод одбележувањето на “Недела на Детето” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со содржини од областа на сообраќајот и безбедноста на децата во сообраќајот, во детска градинка “8 Март“”објект “Расадник” во општина „Кисела Вода“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...