За предизвиканиот пожар студентите се казнети со паричен износ од 13,5 милиони евра.

Објавил: admin@magazin | 17 април, 2019 20:00

Двајца студенти запалија 1.000 хектари шума- Судот им одреди казна кои тешко ќе можат да ја платат!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Двајца италијански студенти кои предизвикаа голем шумски пожар во регионот на Комо, казнети се со паричен износ од 13,5 милиони евра.

Момчиња на возраст од 22 години, на 30 декември минатата година во дел од планинско место кое им припаѓало на едно од нивните родители, правејќи скара, предизвикале голем шумски пожар и уништиле околу 1.000 хектари шума.

За предизвиканиот пожар студентите се казнети со паричен износ од 13,5 милиони евра. Еден од студентите наведе дека се кае поради пожарот кој бил ненамерно предизвикан, но исто така изјавил дека тие не се виновни затоа што пожарот се проширил и на други места.

Ние сме жртвени јагниња. Не се знае точно како е предизвикан пожарот. На противпожарните екипи им објаснивме дека дадовме се од себе да го изгаснеме пожарот, додаде едно од момчињата.

Специјалните служби кои го испитувале случајот, ја тврдат спротивната страна дека пожарот го предизвикале токму двајцата студенти.

Судот на основа од доказите ги прогласи момчињата за виновни и им изрече тешка парична казна. Пожарот траел неколку денови, а уништени се околу 1.000 хектари шума. Законска предвидена казна за предизвикување на пожар, изнесува од 118 до 593 евра по квадратен метар. Износот од 13,5 милиони евра го пресметала шумската служба.
Адвокатот од едниот казнет студент изјавил дека овие пресуди немаат никаква смисла. 

Регионите во Италија се управни единици со извесна автономија по Уставот од 1948, кој вели дека тој има за цел: да ја признае, заштити и унапредува локалната автономија, да се погрижи владините служби да бидат што помалку централизирани и да ги прилагодат принципите и законите восапоставувајќи автономија и децентрализација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...