Инаку, Вучиќ беше примен на Воено-медицинската академија во Белград, откако нагло му се слошило по на разгледување на проектот „Белград на вода".

Објавил: Весна Петровска | 18 ноември, 2019 10:22

„Два дена беше на апарати“ – Детали за состојбата на Вучиќ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Српскиот претседател Александар Вучиќ два дена поминал на апарати на ВМА, но сега се чувствува малку подобро. Ова го изјави советничката за медиуми на Вучиќ, Сузана Васиљевиќ која истакна дека српскиот претседател се почувствувал лошо и самиот побарал лекарска помош.

-На претседателот му беше толку лошо што сам бараше да го однесат, а тој е човек кој не признава никакви симптоми на болест. Самиот сфати дека нешто не е во ред, изјавила Васиљевиќ, додавајќи дека учиќ ќе почне да ги слуша луѓето кои се грижат за неговото здравје.

Инаку, Вучиќ беше примен на Воено-медицинската академија во Белград, откако нагло му се слошило по на разгледување на проектот „Белград на вода”.

Тој вчера се заблагодари на сите за поддршката.

– „Им благодарам на докторите и персоналот на ВМА. Им благодарам на сите што се грижеа. Веќе од понеделник ќе бидам во полн работен погон“, напиша тој.

Радио телевизија Србија утрово објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ е пуштен од болница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.