Случајот вчера попладне бил пријавен во полиција

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 март, 2019 21:51

Двегодишно дете од Куманово затруено- ги испило таблетите на мајка си

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Две годишно дете се затруло од таблети. Случајот вчера попладне од страна на вработени од медицинскиот центар бил пријавен во полицијата во Куманово. 

Според информациите со кои располага МВР, неговата мајка во болницата објаснила дека детето испило неколку таблети што таа ги пие.

Детето било препратено во Клиничкиот центар во Скопје, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот. Повторно се регистрирани сериозни случаи на труење со апчиња во Македонија.

Надлежните од одделението за педијатрија од кумановската болница пред некој ден исто така, пријавиле во полиција кај нив родители донеле 14 годишно девојче од Куманово, кое испило 20 таблети.

Како што соопштуваше СВР Куманово, девојчето било донесено во болницата во 10 часот и по укажаната лекарска помош е испратено во Клинички Центар Скопје.

Последниот период ваквите случаи зачестија и кај возрасните луѓе, а психолозите алармираат дека обидите за одземање на животот треба да сфатат како сериозен повик за помош.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...