Она што е симптоматично после контраверзното гласање за Уставни измени е тоа што пратеничката Канчевска сега е медиумски активна

Објавил: Македонка Димкин | 24 октомври, 2018 22:55

Двете дилеми на Елизабета Канческа -Милевска!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Една од пратеничките кои наспроти неуспешниот референдум гласаа „ЗА„ предлогот на Заев за Уставни измени, е и Елизабета Канческа Милевска, довчерашен член на ВМРО-ДПМНЕ.

Канческа Милевска беше еден од министрите со најдолг стаж, односно функцијата министер за култура ја вршеше скоро 10 години, од 2008-2017 година.

Она што е симптоматично после контраверзното гласање за Уставни измени е тоа што пратеничката Канчевска сега е медиумски активна. Имено, како министерка во цели десет години, Г-а Канчевска само еднаш се појавила на ТВ дебата со новинари и соговорници.

А во овие 3 дена после Уставните измени, веќе втор пат се појавува на ТВ дебата, во кои дебати најчесто нагласено потенцира дека не гласала под притисок, дека никој не ја уценувал за случајот со СЈО, дека никој не нудел лични повластици или поткуп за возврат.

Забележително е дека последните ТВ настапи на Канчевска се внимателно одбрани кај строго провладини телевизии, како Алсат и 1ТВ. Сега во јавноста има две дилеми. Едната е онаа за која самата Канчевска Милеска зборува, дали имало или немало корупција, уцени, поткуп или притисок поврзан со нејзиниот глас за Уставни измени.

И втората дилема е дали во пакетот гласање ЗА смена на Уставот, Канческа добила обврска истото да го правда и промовира преку провладините медиуми. Како и да е, Македонија е мала земја, и порано или покасно, се се дознава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.