Тој почина на 67 годишна возраст на 25.08.2018 година, од струен удар во својата викендичка со скопско Орешани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 август, 2020 12:20

Две години од смртта на омилениот македонски актер Ванчо Петрушевски

Фото/Текст извор: ©Курир.мк

Денеска навршуваат две години од смртта на еден од најпознатите македонски актери Ванчо Петрушевски.

Тој почина на 67 годишна возраст на 25.08.2018 година, од струен удар во својата викендичка со скопско Орешани.

Инаку, Ванчо е роден на 19 април 1951 година во Скопје, а веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии.

-Ванчо беше насмевката. Тој најмногу не веселеше. И на претставите, и по нив, и додека се збиравме овде во бифето на Драмски театар да играме табла, изјавил минатата година Мешковски во интервју за „Женски магазин“ .

Многумина го паметат по неговите улоги во народните приказни каде најчесто глумеше со Гоце Тодоровски, кој во една прилика изјави дека токму Ванчо го натњрал да тргне кон актерството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести