Со меморијален марш денеска се одбележува двегодишнината од автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 февруари, 2021 15:24

Две години од сообраќајната несреќа кај Ласкарци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со меморијален марш денеска се одбележува двегодишнината од автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица.

Маршот ќе почне кај наплатната рампа во Гостивар во 16 и 30 часот, а ќе заврши во 17:45 часот на градскиот плоштад, каде што ќе се одржи симболична церемонија во спомен на жртвите и солидаризирање со семејствата на починатите.

Автобуска несреќа кај Ласкарциавтобуска несреќа која се случила на 13 февруари 2019година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинале 16 лица.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот. На местото веднаш претрчале мештани од Ласкарци и околината.

За спасувањето биле мобилизирани сите комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“.

Несреќата допрела до целата македонска јавност. На социјалните мрежи се појавило неформално движење под мотото „Сите се возиме во ист автобус“, изразувајќи сочувство за несреќата и преку истото граѓани самоиницијативно на блиските на учесниците во несреќата им понудиле сместувања, храна.

Министерот за внатрешни работи Спасовски два дена по несреќата изјавил дека МВР дотогаш има покренато пет постапки за говор на омразаповрзани со несреќата.

Владата ги прогласила за ден на жалост 14 и 15 февруари.

На 14 февруари пак во Гостивар се оддржала комеморативна седница за загинатите во автобуската несреќа, на која присуствувале претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев и исто така била прогласена тридневна жалост на ниво на општината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.