Тие припаѓале во различни редови на Сицилија во Италија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 ноември, 2019 10:31

Две калуѓерки се вратиле бремени по мисионерско патување- црквата ќе го истражува случајот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Две чесни сестри останале бремени додека биле во посета на своите матични земји, пишува АСНА.Како што објави АНСА, можеби станува збор за божјо чудо, но сепак католичката црква решила да го истражи случајот.

Тие припаѓале во различни редови на Сицилија во Италија.

Црквата ќе истражува како двете чесни сестри забремениле додека биле на две мисионерски патувања во Африка.

Двете жени, кои припаѓале во различни редови на Сицилија во Италија, останале бремени додека биле во посета на своите матични земји, пишува AСНА.

Можеби станува збор за чудо, но католичката црква сепак решила да истражи како двете чесни сестри забремениле додека биле на две мисионерски патувања во Африка.

Една жена открила дека е бремена додека работела со жени и деца, а била во посета на Мадагаскар.

Другата се жалела на болки во стомакот откако се вратила во Италија и по преглед открила дека е бремена. Двете ќе ја напуштат службата за да ги чуваат децата.

Сицилијанскиот советник Руџеро Раца најави отворање интерна истрага за тоа како како станале јавни информациите за бременоста. Калуѓерките ќе може да изберат дали ќе ја напуштат службата и ќе ги одгледуваат своите деца.

Црквата објавила дека ќе отвори истрага во врска со тоа дека чесните сестри ги прекршиле заветите.

На почетокот на оваа година папата Франциско зборувал злоупотребувањето на Католичката црква, што вклучува сексуално злоставување на монахињи од страна на машки членови на свештенството, што го нарекол “сериозен проблем”.

Инаку Монаси и монахињи се лица кои по сопствена волја и по Божjи благослов стапиле во манастир.

Воглавно постојат два вида на монаштво: анхоретски или пустински; и општожитие. Како Татко на монаштвото се зема св. Антониј Велики и св. Пахомиј Велики. Се поминува извесно време во послушание (искушеништво). Задолжително под надзор од духовен отец. После се постригува во мала схима и веќе е монах. Поради огромниот авторитет, епископите ги земаат за свои советнници; тоа се сингели, протосингели, и од нив се бираат кандидати за Епископ од монасите. Полагаат три завети при замонашувањето: сиромаштво, безбрачност и беспрекорно послушание. Во манастирот главен е Игумен, а во поголемите Архимандрит, постојат и кај нив напредувања како: свештеноѓакон(=јероѓакон), свештеномонах(=јеромонах)и друго. Целта на монахот е да се моли за сите луѓе. Кога црквата била во искушение било од византиските цареви или од други, монасите се јавуваат како бескомпромисни борци и голем од нив и маченички пострадале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.