Како што велат од таму, работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 февруари, 2020 10:21

Две лица ставени во изолација во Битола поради опасност од коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од центарот за јавно здравје за „СДК“потврдија дека денеска двајца Бугари кои работат во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ се ставени во домашна изолација во Битола.

Како што велат од таму, работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија.

Тие од Италија, допатувале вчера во  Битола каде веднаш се јавиле на проверка во Центраот за јавно здравје.

„Разговарано е со фирмата каде работат дека не треба да одат на работа и дека според препораките ќе бидат во домашна изолација, односно под здравствен надзор 14 дена. Во тој период ќе се следат, односно ќе комуницираат со санитатни инспектори и надлежни од Центарот за јавно здравје. Инаку, немаат симптоми на болеста, но мора да се помине тој период од 14 дена под здравствен надзор“, рече директоката Елизабета Крстевска од Центарот за јавно здравје, пренесува СДК.

Коронавирусот е чувствителен на топлина. Вирусот е умерено стабилен на 4 степени и може да се чува за неколку години на -60 степени.

Ова е прв случај на домашна изолација на лица во Битола поради опасност од коронавирус.

Исто така денеска во текот на денот се очекуваат резултати од уште еден сомнителен случај. Станува збор за патник кој дошол од Италија пред една седмица, односно на 22-ри месецов во Струмица. Лицето имало температура над 37 степени се јавил во болница.

На денешната прес -конференција министерот за здравство Венко Филипче рече дека од него е земен материјал за тестирање на коронавирус и резултати ќе бидат готови во текот на денот, информираше на денешната прес

Според информациите од докторите, жената кај која беше потврден Коронавирусот, влегува во фаза на заздравување.

-Добро оди системот на домаша изолација на 12 лица, сопатниците и лицата со кои тие контактирале. Вчерашните резултати на двајцата патници се негативни на коронавирус, информираше Филипче.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести