Во тешката сообраќајна несреќа на македонски автобус која се случила во близина на Лесковац, Србија, до сега животото го загубија три лица, а две се тешко повредени

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 6:00

Две патнички од превртениот автобус се борат за живот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од повредените во несреќата во Лесковац, двете патнички кои беа најтешко поврдени се борат за живот, откако на едната од нив состојбата и се влошила.

Се работи за С.Т. и И.Ј., кои се хоспитализирани на Клиниката за анестезија и интензивна терапија во Ниш и кои и понатаму се приклучени на машина за дишење и животите им се загрозени.

Останатите четворица повредени кои се лекуваат во Клиничкиот центар во Ниш се вон животна опасност.

С.Т. има повреда на карлицата и е интубирана, но е во животна опасност. На машина за дишење е и пациентката И.Ј. која доминантно е загрозена поради фрактура на пршлен со заканувачка компресија на рбетниот мозок. Нејзината сосотјба е влошена и таа е животно загрозена.

Во единицата за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија се наоѓаат Р.Д. и пациентката А.К., кои се стабилни, свесни и вон животна опасност, изјавил директорот на Клиниката, проф.д-р. Радмило Јанковиќ.

Трагичната сообраќајка се случи во неделата околу 2 часот кога автобусот што сообраќал на релација Битола – Виена излетал од патот и се превртел. При тоа загинаа тројца, а 32 беа повредени.

Причините за несреќата се уште не се познати, иако се шпекулира дека е виновен возачот, кој исто така е повреден но и приведен, но и дека друго возило ненадејно сопрело поради што автобусот за да го избегне излетал од патот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.